Меси чини колку две Астон Вили

Четирикратниот освојувач на Златната топка вреди двојно повеќе од Кристијано Роналдо, во најновото рангирање на вредноста на играчите во најсилните топ 5 европски лиги.

Меѓународната фудбалската опсерваторија CIES објави листа на 100 најскапи играчи кои играат во најсилните национални првенства во Европа. Лионел Меси е прв со вредност меѓу 255 и 281 милиони евра, а тоа е повеќе од половина екипи од Премиер лигата. Астон Вила на пример чини 100 милиони фунти.

Втор на оваа ранг листа не е Кристијано Роналдо, туку Еден Азард кој за да го купите од Челси ви требаат меѓу 135 и 148 милиони евра. Португалецот е на третата позиција со вредност од меѓу 113 и 124 милиони евра.

Во топ 20 Реал Мадрид и Челси имаат по пет играчи, а Барселона има тројца. Ливерпул има двајца, а на високата шеста позиција котира Стерлинг. Манчестер Сити има еден играл, а Манчестер Јунајтед ниту еден.

CIES објави листи и со можни трансфери, како и вредност на екипите според вредноста на играчите на пазар.

9 јуни 2015 - 15:22