Мурињо ги почитува тие што знаат да паркираат автобус

Португалецот во последниве години се соочува со многу критики околу неговата дефанзивна тактика за која тој вели дека е умешност.

Терминот “паркирање автобус“ Мурињо прв пат го употреби за да ја опише играта на Тотенхем во 2004 година против Вест Хем кога ремизираше на домашен терен со 0:0.

Тој вид на дефанзивна игра беше употребуван многу пати и против него, а последен пат тоа го стори ПСЖ на својот профил на Твитер откако се сретнаа сезонава во Лигата на шампионите. Како и да е тој ги брани тие кои знаат да ја користат оваа дефанзивна тактика.

„Пред се имам големо почитување кој возачите на автобус. Треба да бидеш многу многу добар за да бидеш возач на автобус. За да паркираш автобус, ти треба помош. Без помош ќе направиш судар. Затоа дел од заслугата оди кај возачите или тренерите кои знаат како да паркираат автобус. Фудбалот се состои од моменти. Многу е тешко на еден меч од прва до последна минута да играш иста игра. Понекогаш доминираш, а понекогаш ти доминираат. Понекогаш противникот ти игра врвен фудбал и ти треба во тој момент да играш поразлично, што не е лесно. Исто така и возачот на автобус треба да има многу искуство и многу тренинг за да го паркира автобусот. Во фудбалот треба време и работа за да се разбере тоа. Понекогаш чувствувам дека моите момци навистина работат напорно и кога ќе излезат на терен не е така секогаш како што посакуваат“, објаснува стратегот на Челси.

За следната сезона вели дека му требаат тројца засилувања.

„Ако го имаме истиот тим, другите екипи ќе бидат подобри од нас. Ако ги задржам Азард, Матиќ, Ивановиќ, Коста и Фабрегас, за нас тоа е првиот таргет. Мислам дека ми требаат уште тројца нови играчи. Напаѓач, бидејќи останавме без нашата легенда Дидие Дрогба, потоа дефанзивец и играч од среден ред. На тимот му треба свежа крв“, смета Мурињо.

Мурињо оваа сезона успеа да ја врати шампионската титула во Премиер лигата, но разочара во Лигата на шампиони, бидејќи Челси беше елиминиран во осминафиналето од ПСЖ.

10 јуни 2015 - 17:33