Раководството на Манчестер Јунајтед од наредната сезона ќе пушти во продажба дресови со величина XXXXL.
Оваа одлука ја донесоа откако најдебелите навивачи се побуниле дека во продажба нема оригинални дресови со таа бројка. Најк ќе произведе одреден број на толку големи дресови, а клубот ќе ја следи продажбата за да види дали ќе има потреба тоа да стане редовна пракса.
Повеќето клубови во Премиер лигата меѓу кои Челси, Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал имаат пуштено во продажба поголеми дресови од XXXL, а газдата на Њукасл, Мајк Ешли на навивачите за наредната сезона ќе им понуди дресови со големина XXXXXL.
Најголем оригинален дрес кој е во продажба од англиската репрезентација е XXL.