Скандинавски начин на покажување црвен картон

Интересно е да се видат критериумите за судење во една Норвешка на пример и да се направи споредба со македонска лига. Па кај нас судија да покаже црвен за ваква ситуација, особено во втора лига, потоа ќе мора да менува професија.

Норвешкиот фудбалер Симен Јуклерод доби црвен картон затоа што го нарекол противничкиот играч геј.

Тоа се случило во норвешката втора лига на меч меѓу екипите на Баерум и Санднес, а доделувањето на црвениот картон бил покажан како дел од новите насоки кои ги добивале судиите кога ќе слушнеле на терен користење на хомофобичен јазик.

Судијата претходно ги предупредил фудбалерите дека за секој навредлив збор на мечот ќе следува најстрога казна.

„Кажав некој збор, тоа е точно и потоа му реков дека е геј, но се разбира ова е осакатување. Јас се уште мислам дека ова не е за црвен картон“, изјавил Јуклерод

Во тој момент не било јасно играчот на кого му се обраќа бидејќи домашната екипа формирала жив ѕид, а по покажувањето на црвениот картон, судијата бил опколен од играчите кои протестирале за одлуката.

„За тоа се дискутира повеќе пати откако пред неколку години еден играч доби жолт картон. Им кажавме на судиите дека ако слушнат такво нешто и немаат дилеми дека го чуле. да казнуваат со црвен картон“, изјави џефот на судиите.

Клубот го истражува инцидентот, а откако остана со играч помалку ја загуби средбата со 3:2.

9 јуни 2015 - 17:22