Во моментов во светот класичните филолози, благодарение на новата екранизација на древниот еп, ги живеат своите (или ворхоловите) пет минути, кои кој знае кога пак ќе се повторат. Сведочевме дури и јавни препукувања (како она помеѓу преведувачката на „Одисеја“ на англиски Емили Вотсон и писателката Џој Керол Оутс), во кои не изостанаа и политички тонови. Нашата академска средина не е до толку возбудена по ова прашање, но професорката Даниела Тошева од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет се согласи, специјално за Букбокс, да ги пренесе своите впечатоци за филмското дело произлезено од трпезата на Хомер, од која - еве - уште има да се мези.