Ајрон Мен во овој филм ќе има вртоглавица. Во новата верзија на „Вертиго“ на славниот Хичкок, Роберт Дауни Џуниор ќе го игра детективот Џон „Скоти“ Фергусон, пензиониран поради инцидент кој му предизвикал акрофобија (екстремен страв од висини) и вртоглавици. Сценариото ќе биде на Стивен Најт, најпознат по хит-серијата на Би-би-си, „Пики Блајнерс“. Новоста доаѓа само еден ден откако беше соопштено дека Најт е ангажиран да го пишува новото продолжение на „Војни на ѕвездите“, откако претходните сценаристи, Дејмон Линделоф и Џастин Брит-Гибсон, се откажале од проектот.
„Вертиго“, базиран на францускиот роман D'entre les morts („Помеѓу мртвите“), по премиерата добил мешани критики, поради својата должина (128 минути) и бавен ритам, но подоцна станал еден од омилените Хичкокови филмови. Претходно римејк на негови дела имаат доживеано „Психо“ (1998, Гас Ван Сант), кој доби негативни критики но и свои верни поклоници, како и „Совршено убиство“ со Мајкл Даглас, заснован на „Сврти У за убиство“.
Роберт Дауни Џуниор наскоро ќе можеме да го видиме заедно со Силијан Марфи и Емили Блант во „Опенхајмер“ на Кристофен Нолан (за што подетално пишувавме тука)