Таг: Хичкок

Строгите правила на Хичкок како да се гледа неговиот „Психо“ во кино

Кога во 1960 излегол еден од најпознатите филмови на Хичкок, за да привлече внимание и за да си ги врати вложените пари, тој смислил лукава рекламна кампања. Пред секоја сала поставил постер со предупредување - „Директорот на ова кино доби инструкции, по ризик на својот живот, да не пушта никого откако ќе почне проекцијата. Сите обиди за влез од странични врати, пожарни излези или излези за вентилација ќе бидат санкционирани“. Колку и да звучи чудно, ова успеало.

Ќе се снима римејк на „Вертиго“ на Хичкок

Роберт Дауни Џуниор е во преговори да ја игра главната улога во нова верзија на психолошкиот трилер на славниот Хичкок, во кој играа Џејмс Стујард и Ким Новак. Бонус: сценарист ќе биде креаторот на „Пики блајндерс“, Стивен Најт.

Велшката писателка што го инспирала Хичкок

Се викала Етел Лина Вајт, а нејзините крими романи биле споредувани со оние на Едгар Алан По, Агата Кристи и Дороти Л. Сајерс. Денес малкумина се сеќаваат на нејзиниот лик и дело.

Најбруталниот филм на Хичкок кој никогаш не бил снимен

Бил инспириран од реален случај на сериски убиец. Но визијата на славниот режисер била оценета како премногу насилна и сексуално експлицитна за неговото време. Така, „Калеидоскоп“ останал само на хартија.

Режисери кои малтретирале актерки заради добра сцена

Хичкок, Кјубрик, Ларс фон Трир...Овие генијални умови за да ги остварат своите режисерски визии често знаеле да си ги малтретираат соработниците. Особено актерките.

Како е да се плашиш од боја?

Вуди Ален и Били Боб Тортон не можат да се израдуваат ни на интензивно црвена лубеница, ни на светло сина боја на некој морски залив. Тие се eдни од оние кои се плашат, или барем чувствуваат голема непријатност од која и да е светла или интензивна боја. А за разлика од змии или летање, ова е многу потешко да се одбегне.

Актерката на која Хичкок ѝ удирал шамари

Има денови кога културните рубрики се полни со некролози на заслужни дејци. Денес светот се простува од двајца актери - Питер О'Тул и Џоан Фонтејн. Бидејќи повеќе ќе се пишува за Лоренс од Арабија, ние ќе пишуваме за русокосата муза на Хичкок.

Најдобриот филм на сите времиња

По 50-години владеење, Граѓанинот Кејн повеќе не е најдобар филм на сите времиња. Првото место на убер-престижната Sight & Sound листа на Британскиот Филмски Институт сега го има Vertigo на Хичкок.

Што е среќа?

Можеби затоа што е Британец, па емотивната воздржаност некако му прилега, или пак е заради неговите камео улоги, во кои најчесто сме го гледале со камен израз на лицето како минува низ кадарот, ама Хичкок никогаш не сум го замислувала како некој кој е чувствителен и кој размислува за среќата.