Во овој кус исечок од архивско интервју, тој дава прекрасна, зен дефиниција на тоа отсуство на немир, за кое најчесто и не знаеме дека е токму тоа - чиста среќа.
„Бистар хоризонт - да не се грижиш за ништо, на ум да имаш нешта кои се креативни а не деструктивни...Не можам да поднесам расправање, не можам да поднесам лоши чувства помеѓу луѓето - омразата е залудно потрошена енергија, и е непродуктивна. Многу сум чувствителен, еден остар збор, кажан од некој нервозен човек, ако се однесува на мене, ме прогонува со денови. Знам дека сме само луѓе, дека имаме различни емоции, да ги наречеме негативни емоции, но кога тие ќе се отстранат, кога можеш да гледаш напред, патот да е чист, и да си пред некакво создавање - тоа го нарекувам најголема среќа."