Славниот трилер на Хичкок од 1959 во антологијата на филмската уметност е влезен главно заради една сцена - онаа во која главниот лик, Роџер О. Торнхил, кого го игра Кери Грант, треба да се сретне со мистериозен човек среде пустелија. Одеднаш на небото се појавува онакво авионче ко за запрашување од комарци, и почнува да го брка, со очигледна намера да го убие.
Во оригиналната сцена има сè: неизвесност, опасност, ескалирачка тензија. Но едно нема - дроиди. И Милениумски сокол. И Си-три-пи-о. Останува сами да видите како минува џедајската иницијација на Кери Грант.
Краткото филмче се вика Darth by Darthwest, а монтажата е на Фабрис Матју.