Ксантофобија е страв од жолто, цијанофобија од сино, левкофобија од бело, хрисофобија од портокалово, а хромофобија од која и да е боја во спектарот на виножитото. Оние кои страдаат од последново може да се вознемират дури и од самото споменување на бојата.
Боите во секојдневниот живот се дел од јазикот на емоциите, па секоја од нив може да се толкува во културолошки клуч: жолтата како симбол на љубомора, зелената за завист, црвената за радост и љубов. Еден од главните ликови во филмовите на Хичкок, инаку добро познат по истражувањето на различните конотации на боите во неговите филмови, е хромофобичен, и се плаши токму од црвената. Марни (во истоимениот филм со Типи Хедрен и Шон Кoнери) се ужаснува од неа заради страшна епизода во детството, и ова е и стандардната причина во половина од случаите на хромофобични пациенти. Кај останатите стравот се должи на генетски или на комбинација на фактори, кои тешко се утврдуваат.
Психијатрите немаат генерално решение за ваквите состојби, но едно од нив би можело да биде постепено изложување на боја, со нијансирање на ѕидовите во онаа од која се плашат пациентите или барем поставување цвеќиња во таква боја во ентериерот. Повеќето од нив можеби сепак посакуваат да се роделе како далтонисти, или светот да бил создаден црно-бел.
Во прилог клипче (некој вид трејлер) за „Марни" од 1964, во кое самиот Хичкок во нему својствен автоироничен стил ја објаснува содржината на филмот: (со бавен глас) „Овоој филм е мноогу тееежок за класифицииирањеее. Не е ни Психо, а не е ни со птици што ги маваат луѓето по глава додека летаат наваму-натаму. Тој е за две интересни човечки суштества, едниот маж, другиот жена". Пет минути час по „што сакал авторот да каже", вистинска