Во Ватиканскиот музеј во Рим, група туристи стои пред едно од делата, кое ги прикажува Лаокон и синовите. 2000 години старата скулптура е висока нешто над два метра и го претставува тројанскиот свештеник кој ги советувал своите сограѓани да не го внесуваат во градот дрвениот коњ - подарок од Грците, бидејќи се сомневал дека тоа е трик.
И навистина било така. Војниците кои излегле од коњот ја запечатиле судбината на Троја. Тоа бил планот на боговите, а поради тоа што Лаокон сакал да се замеша, тие го казниле со тоа што тој и неговите деца биле убиени од огромни змии.
Приказната е интересна, но исто толку е интересен еден детал на скулптурата - Лаоконовиот пенис, кој е непропорционално мал. И не е таков само тој. Низ целиот музеј има статуи на мускулести, мажествени мажи, со мали гениталии.
Археологот и водич низ спомнатиот музеј Кјара Џати објаснувањето го наоѓа во тоа дека големите гениталии за древните Грци и Римјани биле грди. Малиот пенис за скулпторите означувало дека некој маж е рационален интелектуалец и дека го контролира сопствениот „примитивен“ нагон, за разлика од варварите и некои богови, вклучително и Дионис - богот на виното, задоволството и екстазата. Тој е постојано обиколен од сатири - половина луѓе, половина јарци или коњи, секогаш голи и плотни, што се одразува и на величината на нивните сексуални органи.
Најголем од нив имал Пријап, синот на Дионис и Афродита. Мајката го оставила детето со абнормално голем фалус во планините, каде го нашле овчари, го изгледале како свое дете и го славеле како бог на плодноста.
Пред 2400 години, поетот Аристофан забележал како би требало да изгледа идеалното машко тело: „Сјајни гради, светла кожа, широки раменици, мал јазик, јаки бутини и мало куре“.
Римјаните ја прифатиле оваа идеја. И не само тие - ренесансните уметници како Микеланџело или Рафаел ес инспирирале од совршено моделираните уметнички дела од антиката. Давид на Микеланџело, на пример, исто така има скромна машкост, што не беше пречка скулптурата да биде во центарот на неодамнешна контроверза, кога директорка на училиште од Флорида мораше да даде оставка поради прикажување на слики од оваа статуа на ученици од шесто одделение, што некои родители сметале дека е „порно“.
Денес, перцепцијата на машките гениталии е променета. Микро-пенисите не се веќе знак на интелектуална еминенција, а оние големите се сметаат за мажествени и симболизираат успех. Според студија објавена оваа година од Универзитетот Стенфорд, тие стануваат и поголеми со време. Машките гениталии се пораснати за 24% во неколку региони на светот во минатите 30 години. За древните Грци и Римјани, ова веројатно би било извор на естетски хорор.