Bookbox

Пред да постојат работни места, ТВ серии и фудбалски преноси, луѓето сепак имале исполнети денови. Денес, кога некој фантазира за живот без работа, најчесто замислува богатство и безгрижен живот – ретко кој помислува на секојдневието на нашите предци од пред илјадници години. Но вистината е дека концептот на работа каков што го знаеме денес е многу нов во споредба со речиси 290.000 години човечка историја.

Мал број спортски настани успеале да го надминат значењето на играта како Светското првенство во фудбал. Од скромен турнир со 13 репрезентации во 1930 година до глобален настан што денес го следат милијарди луѓе, купот прерасна во повеќе од спортско натпреварување – тој стана огледало на политички, економски и општествени промени. Тоа не е само историја на фудбалот, туку и приказна за светот што се менува(л) заедно со него.

Грците се бунат: во холивудската „Одисеја“ нема Грци

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Зошто нулата во тенис се вика „љубов“?

Тенисот отсекогаш бил спорт со необични правила и уште почуден речник. Поени како 15, 30 и 40, термини како „дјус“ и „предност“, како и фактот дека нула поени се нарекуваат „лав“, збунуваат. Како збор што обично го поврзуваме со романтика и чувства станал официјален начин да се каже дека некој нема освоено ниту еден поен?

Од ризницата на древните лажни вести: Александар Македонски и Кипар

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

Жената која ги будела лондонските работници со зрнца грашок

Мери Смит била една од многубројните „будачи“ на работниците, кои во почетокот на 20 век и развојот на индустријата морале да се навикнат на тоа да не ги будат петли туку други, поранобудни луѓе.

Како Ковид ја уби(ва) критиката?

Пандемијата наметна потреба од меѓучовечка солидарност и љубезност. Но ова влијаеше глобално на театарските, филмските и книжевните критики, кои станаа по меки и по „со разбирање“. Дали ова ќе остане тренд?

„Големиот Џо“: како Сталин станал индијански поглавар

Во 1941, по советската победа над нацистичка Германија близу Москва, Јосиф Сталин бил избран за „почесен поглавар на Индијанците“.

ДР Конго и Конго бараат нивната румба да влезе на листата на УНЕСКО

Властите во Киншаса и Бразавил, главните градови на соседните Демократска Република Конго и Република Конго, поднеле заедничка иницијатива за додавање на конгоанската румба на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

K-бјути, хаjу и мукбанг: десетина корејски зборови додадени во Оксфордскиот речник на англискиот јазик

Новите лексички единици се резултат на актуелниот интерес за модата, храната и забавата која доаѓа од Јужна Кореа.

Изложба на дела на oсуден убиец во Лондон

Нова изложба се состои од дела на Дони Џонсон, кој лежи во озлогласен затвор во северна Калифорнија и слика со четка направена од неговата коса. Таа ќе се отвори истовремено со премиерата на документарен филм за неговиот живот. 

Што е тоа да „следиш“ политика?

Знаете она кога луѓе се пенават за одредена политичка опција, но истите тие никогаш не излегуваат да гласаат, дури ни за нивните? Изедначувањето на политичкиот ангажман со оној на спортски навивач или хоби е погубно на повеќе начини. 

Римската божица на канализацијата

Римската канализација, Клоака Максима, била заштитувана од божица чиј храм стоел блиску до Форумот.

Како лути пиперчиња помогнаа да се добие Нобел за медицина

Вчера, 4.10, започна циклусот на доделување на Нобеловата награда во различни области. Во онаа за физиологија и медицина добитниците истражувале како чувствуваме температура и допир. Првото со - чили пиперки. Да беа наши, ќе беа везенки.

„Ловособирачки водич за 21 век“ од Хедер Хеинг и Брет Ванјстин

Да не беа наднасловите на рубрикава стандардизирани, овој лесно можеше да гласи - „Купивме (и тоа уште во претплата) и прочитавме, за вие да не морате“. И покрај сета солидарност со „изопштените“, ова не е баш начин да ни се оддолжат.

Сказна за инцест oд авторот на „Пинокио“ ќе биде прв пат објавена на англиски

Карло Колоди денес е најпознат по „Пинокио“, која кај нас е и лектира. Но интересот за волшебните приказни кај него бил поттикнат од превод на бајка на Шарл Перо, која додуше е на малку необична тема. 

Кога Њујорк Тајмс ги „спржил“ книгите кои денес се класици

Некои од книгите кои денес се сметаат за најдобри во модерната историја на книжевноста, како „Квака 22“ или „Нежна е ноќта“, не наишле на добра критика на страниците на влијателниот весник. Не дека тоа нешто многу им наштетило.

Памфлетот за сексуално образование од 1916 поради кој се променило законодавството на САД

Активистката за женски права Мери Вер Денет на почетокот на минатиот век била уапсена поради тоа што по пошта испраќала самоиздаден сексуален прирачник, кој го напишала за да ги подучи своите синови-тинејџери.

„Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ од Ивана Хаџиевска, Ивана Драгшиќ и Јана Коцевска

Први индустриски работнички, универзитетски професорки, курирки во народно-ослободителни движења, активистки, ди-џејки, синдикални работнички - жени кои често се изоставени од официјалната историја, или кои во неа се претставени еднодимензионално, без контекстот во кој живееле и твореле. Оваа збирка биографии - резултат на детално истражување - претставува долго одложувано чествување, отворен прозорец за наплив на свеж воздух во сфаќањето на историјата и на активното учество на жените во неа.

Kaко експерименти со глувчешки утопии довеле до мрачни предвидувања за иднината на човештвото

Да, добро прочитавте - глувчешки утопии. Експерименти во кои им било давано неограничено количество храна и вода, па дури и интимни „апартмани“. Сето ова за проучување на ефектите на густината на населението врз однесувањето. 

Татата-татата: приказната за една музика за чекање

„Чекачка музика“ е онаа што ја пуштаат на линиите на кои обично се јавуваме со жалба, поплака или прашање, и која нè нервира бидејќи колку повеќе трае, толку повеќе губиме од скапоценото време. Еден човек се з’гнал да дознае која е мелодијата што постојано ја слушал кога се јавувал по лекари.

Брана меѓу нас и неизвесноста: нова книга за непостоењето идеален карантин

Федерален карантин отворен непосредно пред пандемијата - со само 20 кревети. Рудници за сол, изолирани острови, обезбедени скривници. Обиди човештвото да се самоизолира, од себе и од морничавите „други“. Оваа нова книга покажува дека тие напори се залудни.

„Око за око“: групата која сакала да отруе милиони Германци како одмазда за холокаустот

Педесетина млади мажи и жени по Втората светска војна планирале да ги контаминираат изворите на вода во повеќе германски градови и да ги отрујат воените затвореници во сојузнички камп близу Нинберг.

Загубениот албум на претседателот на Замбија, Кенет Каунда

И во револуционерните 1960-ти, герилецот Каунда шетал наоколу со точак и гитара. Често знаел политичките пораки да ги вметне во песни. Сега е пронајден албум од 2005, со кој се обидувал да ги образува младите во врска со ХИВ.

Британскиот музеј влегува во светот на „незаменливите токени“ (NFT)

Дојде време и големи национални музеи, кои во принцип се сметаат за конзервативни и потешко прилагодливи на новите трендови, да почнуваат да ја користат новата дигитална „валута“. Штом е така, значи навистина е сериозно.

Зошто толку многу филмови и серии се случуваат во хотели?

Од „Сјаење“, преку „Девет совршени туѓинци“ до „Белиот Лотос“, хотелот е прилагодлив контекст, во кој е многу лесно да се постави лепеза од различни ликови.

Полинезискиот „принц“ кој станал ѕвезда во Англија

Нова книга на американски историчар е инспирирана од животот на Маи, првиот островјанин од Пацификот кој ја посетил Британија во 18 век.

Moраме ли да спиеме?

Зошто треба да се ставаме во потенцијално опасна ситуација - да сме несвесни за околината неколку часови ноќе - која ни троши околу третина од возрасните животи, и повеќе од детството? И не само што не се буниме, туку заедно со кучињата, лавовите и речиси секое друго животно, уште и уживаме во дремење и длабок сон.

Букбокс гледаше: „CODA“ (2021)

Насловот на филмот e напишан на латиница бидејќи е акроним, и на англиски означува „дете на глув родител“ (Child of Deaf Adult). Во случајов последниот збор треба да е во множина, бидејќи тинејџерката Руби Роси е ќерка не на еден, туку на двајца глуви родители. А исто така глув е нејзиниот брат. Да се биде единствениот аудио канал на семејството со светот за неа не е лесно.