Славе ноу мор: Вордле избриша зборови од својот список

Откако беше купена од Њујорк Тајмс за дебела сума, мега-популарната зборовна сложувалка ги исфрли „неподобните“ од своите редови. Со ова само се потврди дека промени во слободниот концепт по продажбата сепак ќе има, иако оние кои го критикуваа потегот тогаш повеќе мислеа на реклами и спонзорства.

Корисниците на Вордле оваа недела почнаа да забележуваат дека за некои зборови од пет букви, кои како такви би требало да бидат легитимни за играта, меѓу кои „роб“ (slave), „курва“ (whore) и „кучка“ (bitch), системот генерира порака дека тие не се содржани во фондот на зборови на играта. 

Гласноговорник на Њујорк Тајмс, кој ја купи Водле за необелоденета сума од седум цифри, изјавил дека списокот на зборови е „освежен“ при што се отстранети зборови за кои било одучено дека се „нечувствителни или навредливи“. 

„Ја апдејтираме листата и отстрануваме опскурни зборови за сложувалките да бидат соодветни за повеќе луѓе“, изјавил тој. 

По овој потег почнаа да фрчат реакции, меѓу кои и такви кои велат дека е во ред некои од овие зборови да не бидат конечното решение, но дека нивното целосно бришење е „мисловен злостор“. „Ќе се држам до старогрчката верзија на Вордле“, беше една од ироничните забелешки.

извор

17 февруари 2022 - 13:04