80-годишната Дениз Холт на 5 февруари била сама во својот дом во Илионоис, кога гол и ментално болен осомничен влегол во нејзиниот дом.
Нејзината ќерка во оддалечениот Сиетл забележала дека нешто не е во ред кога госпоѓа Холт не ѝ го испратила дневниот резултат за Вордл, нешто што го правела секојдневно откако се навлекла на играта.
Според Холт, таа спиела кога 32-годишниот насилник влегол во нејзиниот дом и вперил ножици во неа. Изгледот му бил дополнително страшен поради исечениците со кои се здобил додека ги кршел прозорците, низ кои потоа успеал да се провне.
Осомничениот рекол дека нема да ја повреди, но ја натерал да влезе во када со него за да се искапат, а потоа ја заклучил во студениот подрум. Претходно од кујната зел два ножа и го исклучил фиксниот телефон.
Полицијата која била повикана од ќерката на Холт влегла во домот и го совладала напаѓачот кој сега ќе одговара за киднапирање и напад на полицаец.
Госпоѓа Холт не била повредена во инцидентот, а кога ќе се прибере од шокот вели дека ќе продолжи со својата дневна занимација - решавањето на зборовната сложувалка со пет букви.