Bookbox

Се викаат морски црвеногушки и имаат „тело на риба, крилја на птица и повеќе нозе, како краба“. Уште почудно - нозете им имаат сензори за вкус. 

Кога се појавија компјутерите, таблетите и мобилните, ретко кој продолжи да користи роковници и нотеси. Претходно зајмевме филмови од видеотеки, а сега низ светот нив ги има во многу мал број, само за носталгични „н'рдови“. Сите сакаат пристап до содржини со еден клик. Логично на сето ова - како и зошто опстануваат книжарниците?

„Ја викам чистачката на ракија“: работниот ден на еден писател

Во некогашното југословенско списание „Чик“ постоела рубрика во која писателите си го опишувале својот работен ден. Под необичен наслов „Живот меѓу обичните луѓе“ (значи писателите се необични?), својата саатница ја споделил Бранко Ќопиќ.

Сте слушнале ли за лигар?

Хибридно потомоство на лав и тигрица да ти се викало лигар (на англиски - liger). Спротивната мешавина е тигав (на англиски - tigon). Ги делат карактеристиките на двата вида, на пример сакаат да пливаат како тигрите, а се социјални суштества како лавовите. 

50 години од „Емануела“ - култниот филм што лошо остаре

Во Франција на 20.09. излезе нова верзија на славниот филм од 1974, режиран од Одри Диван, која претходно доби Златен лав во Венеција за моќната драма за абортус, „Хепенинг“. Ако сексуалните авантури на Емануела треба да се пре-раскажат, тоа е затоа што за половина век нештата во областа на сексуалноста се имаат драстично променето. Не самиот секс де, туку социјалните и идеолошките матрици поврзани со него. 

„19 мај“: првата терористичка група формирана и раководена од жени

Нова книга на историчарот Вилијам Росно (William Rosenau) ја истражува радикално левичарската група формирана во 1970-тите во САД, позната под кратенката М19.

„Ѕидот“ (Die Wand)

Германско-австриски филм заснован врз истиоимениот роман на Марлен Хаухофер од 1963, сосема соодветен за време на пандемии и карантини. За многумина препознатлив и без оглед на вонредните околности.

Омилената песна на Одри Хепберн

Пол Дезмонд, оригиналниот саксофонист од квартетот на Дејв Брубек, бил заљубен во Хепберн. Ѝ посветил песна, но никогаш не дознал дали воопшто ја имала слушнато.

Кога издавачите го пиратирале Волтер (а и тој самиот себеси)

Нова книга под наслов „Пиратирање и издаваштво: трговијата со книги во добата на просветителството“ од Роберт Дарнтон, раскажува за начинот на кој функционирале овие бизниси во 18 век. Не само што издавачите пиратирале, а книжарите биле соучесници во истото, туку некои автори се пиратирале и самите себеси.

Јутјуберка стана книжевна ѕвезда во Франција и ги разбесни „сериозните“ писатели

На нашки би можела да се вика Ленче Ситуација (Léna Situations), има 23 години и во текот на пандемијата собра милиони следачи на социјалните мрежи. Сега стана и бестселер автор, предизвикувајќи остри реакции кај парискиот книжевен свет.

Вистинската приказна зад „Ископина“: големото археолошко откритие од 1939

Нов филм со Кери Малиган и Ралф Фајнс, базиран на роман на Џон Престон, раскажува за настаните поврзани со ископувањето во Сатон Ху, Британија, кое се одвива паралелно со почетокот на Втората светска војна.

„Да сум на твое место“/«Αν ήμουν στη θέση σου» /“If Ι were in your place” - група автори

Да се направи обид за приближување на грчката и на македонската култура е чин кој не само што заслужува куртоазни пофалби, туку може да се нарече дури и храбар. А тоа не би било ниту толку необично, ниту толку храбро, доколку само би замислиле - како е да сме на местото на другиот, во неговиот јазик, и во неговата кожа.

Карпа од 200 кила: скандалот со сценскиот работник што сакал да си го убие колегата

Звучи како сценарио за трилер, но всушност е вистинска приказна која треба допрва да добие судска разрешница.

Првата дама која станала претседател на САД во сенка

Неофицијално, Америка веќе имала нешто што може да се нарече Прва дама - претседател. Барем според некои историчари и биографи на контроверзната жена за која станува збор - сопругата на Вудроу Вилсон.

Кликајте „приклучи се“, јас и мртов држам час

Масовната онлајн настава изроди различни нуспојави, од плунка на камера (за да биде заматена кога се испрашува) или со измислување креативни прекари („Connecting..", за да изгледа дека има проблем со интернетот). Но ова е малку порадикално.

Медицинска сестра ќе биде единствената публика на филмски фестивал на далечен остров

Швеѓанката Лиза Енрот била избрана од 12.000 апликанти, кои посакале да гледаат раат филмови на островот Патер ностер.

Има повеќе од еден начин да изгориш идеи

„Разбудени“ од сите земји - заќутете! Вака би пишувал денес Бредбери за цензорите кои не гледаат ништо иронично во тоа што изрекуваат забрани во име на либерални идеи и слободи. Нему нештата сепак одамна му биле јасни.

Како писателка со докторат по психологија стана врвен покер играч

Марија Коникова мразела казина и коцкање. Но почнала да игра покер како дел од нејзиното истражување на факторите на случајност и веројатност. Набргу ѝ тргнало. Сега има и пари од играњето, и нова книга.

Интересната приказна позади „Скриена камера“ која почнала како - скриен микрофон

„Насмевнете се, вие сте на скриена камера“, гласеше последниот стих на песничката од истоимената емисија - Candid Camera. Првата епизода е емитувана во далечната 1948 и од тогаш има мал милион верзии. Но таа всушност почнала како радио емисија.

Користено масло, урина: најбизарните даноци во историјата

Черчил сметал дека желбата една нација да просперира преку сопствено оданочување е како човек кој стои во кофа да се обидува да се крене себеси со рачката. Но историјата е полна со кралеви и влади кои се обиделе да го сторат токму тоа, без оглед колку им била дупната кофата.

Екатерина Велика - царица на вакцините

Руската царица била прва која се подвргнала на процедурата на инокулација, по што следело масовно имунизирање на руското население. Антиваксерите ги нарекувала „идиоти и незнајковци“.

Кога доктор си убил колега поради долг: случајот што го потресол Харвард

Кога во 1848 исчезнал Џорџ Паркман, тој бил еден од најбогатите луѓе во Бостон и најголем донатор на медицинскиот факултет. Ова било само почеток на скандалот кој ќе заврши со смртна казна на негов колега.

Џоан Дидион има нова книга и интервју со најкратки можни одговори

Kaриерата ја почнала со победа на конкурс за есеј спонзориран од Вог. Денес се смета за една од легендите на американското новинарство. Денес има 86 години, а нејзините искази се пример на минималистичка мудрост.

Нов документарец за скандалозниот недовршен роман на Труман Капоти

Филмот, чија премиера се планира за 29 јануари, ќе биде посветен на „Услишени молитви“, романот кој Капоти никогаш не го завршил.

„Скопскиот дервиш“ од Виктор и Владимир Трајановски

Ново стрип издание во кое на пристапен начин се објаснуваат доктрината, обредите и секојдневниот живот на бекташите од Македонија.

Германскиот мит за „ножот в грб“

Дојштослегенде била антисемитистичка теорија на заговор, во која масовно се верувало во десничарските кругови по Првата светска војна. Според неа, Германија не ја загубила војната на терен, туку била предадена, од Евреите и домашните предавници.

Трамп изгледа нема да остави зад себе претседателска библиотека

Не станува збор за библиотека со книги, туку со значајни документи поврзани со претседателскиот мандат. Американските претседатели оваа традиција, воспоставена во 1930-тите, ја сфаќаат сериозно и почнуваат да се подготвуваат многу порано пред заминувањето. Трамп, изгледа, беше затечен.

Прв пат по 200 години во продажба е нов син пигмент

Истражувачите го откриле YInMn Blue во 2009. Сега туба со оваа интензивно сина боја кончено може да се купи, за околу 150 евра.

„Ричард Џуел“ (2019)

Нов биографски филм во режија на Клинт Иствуд, за човек кој во 1996, за време на летните олимписки игри во Атланта, открива поставена бомба и спасува голем број човечки животи. Но иако најпрвин бил славен како херој, потоа станува главен осомничен.