Во 1960-тите се дружела со членовите на бендот „Дорс“ и со куп други славни личности, кои повеќето ги има надживеано. Го истражувала култот на Чарлс Менсон и судењето на неговите членови по убиството на Шерон Тејт. Дури ѝ купила и фустан на Линда Касабијан, членка на култот, пред нејзиното појавување како главен сведок пред поротата. Интервјуирала петгодишно дете на Ел-ес-де. Ја сметаат за хроничар на нашиот свет, но низ нејзините интимни автобиографски книги, и на сопствениот живот исполнет со трагични настани.
Во текот на пандемијата таа ги минува деновите во својот дом во Њујорк, подготвувајќи се за излегувањето на својата нова збирка есеи, „Дозволете ми да ви кажам што мислам“. Книгата е состои од 12 текстови, пишувани од 1968 до 2000. По тој повод даде интервју за Тајм, кое е пример за минималистичко а сепак прецизно изразување. Ги издвојуваме најречитите делови:
Тајм: Прашањето кое мроа да се постави во овие времиња: како се чувствувате?
Добро. Малку ми е досадно, ама добро.
Еднаш рековме дека летото 1968 ви било исполнето со вртоглавици и лошење, што било соодветна реакција на тоа време. Која е соодветната реакција на 2020?
Вртоглавица и лошење звучат добро.
Имате напишано две антологиски книги за тагата, „Година на магиско мислење“ и „Сини ноќи“. Што би им кажале на милионите кои имаат загубено сакан во изминатата година?
Не знам. Не знам дека има нешто што може да се каже.
Дали се плашите од смртта?
Не. Па, да, секако.
Дали имате надеж?
Надеж за што? Не особено, не.
Њујорк сосема се промени од пандемијата. Што ви недостасува особено?
Ми недостасуваат моите пријатели на вечера. Од друга страна, моите сметки за вино се намалија.
Што значи да се биде нарекуван „глас на една генерација“?
Немам поим.
Дали има нешто што сакате да го постигнете а не сте го сториле тоа?
Да сфатам како ми работи телевизорот.
На што се надевате најмногу во 2021?
На Велигденска забава, ако ја биде.
Види претходно: Осврт за документарецот за Дидион, „Средиштето нама да издржи“