Филмскиот фестивал во Гетеборг е најголемиот во Скандинавија. Тој оваа година ќе се одржи и покрај пандемијата, но ќе се организира на изолиран остров и со само еден човек во публика - медицинска сестра која била одбрана од 12.000 пријавени.
Лиза Енрот е од Шведска, и освен својата професија многу го сака филмот. Таа ќе помине една недела на островот Патер Ностер на западниот брег на земјата, познат по својот прекрасен светилник, со избор од 70 филмови кои ќе бидат пуштани само за неа.
„Ветерот, морето, можноста да се биде дел од тотално различен вид реалност цела недела е навистина атрактивна“, изјавила Енрот, која ќе прави дневен видео дневник, кој ќе се појавува на сајтот на фестивалот.
Организаторот пак изјавил дека изборот паднал на здравствен работник, како начин да се оддаде признание на луѓето кои баш и немале време за гледање филмови изминатата година. Сега Лиза ќе може малку да се опушти. Фестивалот почна на 29.1, а ќе трае до 8 февруари.