Bookbox

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Букбокс гледаше: „Саканиот“ (2026) или кога со скриени камери ќе ја снимиш првата средба на актерите кои добиле различно сценарио

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден последен: Вајдскрин е добар само за змии и погреби

Критичарите се крвопиите на индустријата. Никој не нѐ сака. Уште Волтер пишува за овие пијавици кога Кандид ќе стигне во Париз. Ама некој мора да го прави тоа, а и јас се декларирам како филмолог.

Како да не се убиеш (и зошто)

Кленси Мартин поголемиот дел од животот го поминал со две контрадикторни идеи во глава: „Би сакал да сум мртов - мило ми е што не ми успева да се убијам“. После 10 преживеани обиди напишал мемоар. 

Првиот пат кога уапсиле американски претседател

Не било за корупција. Не било за местење избори или соработка со странски служби. Било за брзо возење со - кочија.

Мане и Дега - другари или лути ривали?

Комплексната „лав-хејт“ врска помеѓу двајцата француски сликари е тема на нова изложба во Париз. Тие се конфронтирале, си завидувале, се обвинувале за имитаторство, но истовремено до крајот на животот си биле меѓусебна поддршка и инспирација.

Пронајдете ги 100-те дрвени тролови: дански уметник повикува на авантура

Томас Дамбо е познат по користење рециклирано дрво за своите големи и амбициозни скулптури, поставени во повеќе земји низ светот. До сега ги има 99. За јубилејната, стота, има замислено голем лов по богатство.

Хоакин Феникс ќе го глуми Наполеон во филм на Ридли Скот

Во 2013 излезе вест дека Спилберг ќе продолжи онаму кадешто застанал Кјубрик, кој напишал сценарио за животот на Наполеон во 1969, но никогаш не го снимил. Овој филм нема врска со тој муабет - Спилберг ќе снима серија во седум епизоди за ХБО, а Ридли Скот ќе си снима епски филм, со уште поепски актер во главната улога.   

Заборавената оперска пејачка Чанина Црвено Перо

Била од племето Мускоги од југозападниот дел на САД. Нејзиниот голем вокален опсег, супериорното легато, харизматичната појава и импресивниот мецосопран од неа направиле национална супер-ѕвезда. 

Почина Клаус Тојбер, креаторот на една од најпопуларните друштвени игри, „Катан“

На 70 години, по „кратка и тешка болест“ почина човекот кој ја има создадено една од нашите омилени „асталски“ игри, прв пат објавена во Германија во 1995. 

Што е подобро - постепено или радикално?

Нова книга повикува на стишување на политичката реторика и прифаќање на таков пристап кон промената кој е поблизок до здравиот разум, не доведува до крвопролевање и бурни реакции и има долгорочен и стабилен ефект. 

Босоногата калуѓерка која станала „пијано кралица“ на Етиопија

Минатата недела, на 99 години, почина Емаху Цеге-Маријам Губру, композиторка и пијанистка која со својот талент, но и активизам, оставила голем печат во етиопската култура. Познавачите велат дека нејзиното име треба да се најде на списокот славни композитори на 20 век. 

Музеј во Берлин ќе се реновира цели 14 години

Во октомври Пергамскиот музеј целосно ќе ги затвори своите порти поради долгорочни реновирања. Клучниот збор тука е „долгорочни“.

Букбокс друштвени игри: Како до лесен влез во ова хоби - игри за двајца

Во оваа подрубрика денес ни гостува Дино Граматиков, кој во ова (сериозно) хоби е повеќе од две децении. Горд сопственик на над 200 игри, тој е и прв македонски судија во играта Magic the Gathering. Ни пишува од Женева, каде секоја недела организира играчки собир (кај и да е, ќе му одиме...). Неговиот предлог за поднаслов на текстот е „Како да се проба ова хоби на раат и на брзина, без ризик од потсмев од пријател(к)ите“. Ризикот е јак, ама и да погиниш, колку-толку ќе се спасиш.

Зошто древните статуи имаат толку мали пениси?

Неодамнешата одлука на училиште во Флорида да изврши притисок врз својата директорка да поднесе оставка, откако на час била прикажана голата статуа на Давид на Микеланџело, го зголеми интересот за ова дело. Но покрена и уште едно, поинтересно прашање. Зошто, побогу, неговиот, а и пенисот на голем број други антички скулптури е толку мал?

Давајте од она на „л“

Во песните на викторијанските поети се среќаваат чудесни слики на измислени земји, свети реки, мориња неосветлени од сонцето. Сето ова се должи на нивната креативност, но веројатно и на фактот што голем дел од нив биле навлечени на една супстанца - лауданум.

Мишел Уелбек сними порнич (што нема да го гледаме)

Секоја чест за сите провокативни книги, ама идејата Уелбек да игра главна улога во секс филм однапред заслужува Златна малина во тој жанр. Ќе се прашувавме чија е таа глупа идеја, да не се знаеше дека е - на жена му. Сега двајцата се пишманат, но холандски суд одлучил дека филмот сепак ќе може да се прикажува.

Добредојдовте на островот „Ништо“

Нул ајленд е лоциран на нула степени географска должина и нула степени географска ширина, на местото каде се судираат примарниот меридијан и екваторот, на запад од Африка. Но со него има два проблема - прво, не е воопшто остров. Второ, иако името му е такво, сепак тоа не е „ништо“.  

Амузија: вистинската приказна за претседателот што не можел да слуша музика

Улисис С. Грант бил 18-тиот претседател на САД. Страдал од ретка невролошка состојба која правела дури и најубавата музика да ја слуша како неподнослива врева. Иронично, генералот најмногу го нервирала токму воена музика. 

Животниот век на европската елита

Анализа на животниот век на Европејците од високиот слој покажува кога и зошто нивните животни векови почнале да се продолжуваат. Причините за ова се во втор план, но може да си играме со претпоставки.

Случајно?: необичното искуство на коинциденцијата

„Случајно совпаѓање или поклопување, истовремено случување“. Вака гласи дефиницијата на „коинциденција“ во речникот на македонски јазик. Но таа не го отсликува очудувањето кое го чувствуваме кога ќе ни се случи таков настан за кој често се прашуваме - дали е навистина нешто што не е „местено“ да биде така?

„Шпанско магаре“: бруталната историја на една справа за мачење

Ја викале и „дрвен коњ“ или „шевалет“, а за ефикасната употреба на оваа справа не било потребно ништо друго освен - гравитација. 

Ќе се снима римејк на „Вертиго“ на Хичкок

Роберт Дауни Џуниор е во преговори да ја игра главната улога во нова верзија на психолошкиот трилер на славниот Хичкок, во кој играа Џејмс Стујард и Ким Новак. Бонус: сценарист ќе биде креаторот на „Пики блајндерс“, Стивен Најт.

И на машините им треба дремка, зарем не?

Дремката после ручек не е само човечка потреба. Без барем малку одмор, вештачките невронски мрежи стануваат катастрофално заборавни. Исто како и на нашите мозоци, и ним им треба малку време офф-лајн.

Анархистот што ја нападна кралската палата во Брисел и отвори музеј на долна облека

Денес (сабота) во 20 часот во Кинотека во рамки на неделата на франкофонски филм ќе се прикаже белгискиот, „Последното искушение на Белгијците“. Тоа е трето и засега последно продолжение од автобиографијата на еден уметник и анархист. 

Најстариот хотел на светот, отворен во 705-та година

Се наоѓа во планините на јапонскиот регион Јаманаши, и работи цели 1300 години, пет пати подолго отколку што на пример постојат Соединетите Американски Држави.

Аферата со трансфузија на животинска крв која ветувала „вечна младост“

„Ксенотрансфузија“ е пренесување крв од вените на еден вид во друг, најчесто помеѓу не-човечко животно и човек. Ова било мода во 1660-тите во Париз, кога најбарана крв била онаа од физиолошки и морални чистите козички и јагниња.