Bookbox

Под „цвеќе“ се мисли на реално цвеќе или какво и да е растение. Иако денес влијанието на музиката врз сè, па и врз билките, е прилично истражено, во 1970-тите тоа не било така. Еден албум се обидел да ја промени перцепцијата дека растенијата немаат чувства. 

И покрај децении научни истражувања, науката сè уште нема јасен и единствен одговор на прашањето што е всушност сонот и зошто воопшто постои. Во секојдневниот говор, сонот најчесто се сведува на својата корисна функција – потреба на телото и мозокот за одмор и обновување. Популарните медиуми неуморно предупредуваат за последиците од недостиг на сон и нудат совети за борба со несоницата. Но ова утилитарно сфаќање ја пропушта суштината – дека сонот не е само биолошка неопходност, туку е едно од најчудните, најмистериозните и најуниверзални човечки искуства, кое ни се случува секоја ноќ, без наша волја.

Островот на куклите - морничавата локација кадешто е сниман најновиот спот на Лејди Гага

Некаде во Мексико постои проколнат остров, гонет од сеништето на одамна удавено девојче. За да се смири нејзиниот дух, сопственикот на местото почнал да закачува кукли. Едно време почнале да доаѓаат туристи. А најнови гости му биле Лејди Гага и Тим Бартон. 

Новиот нобеловец по физика има корени од Хрватска

Американскиот физичар Џон Мартинис, професор емеритус на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, и годинашен добитник на Нобеловата награда за физика, во интервју за „Јутарњи лист“ раскажува непознати детали од својот живот и за своите хрватски корени од островот Вис, поточно од гратчето Комижа.

„Чудото“ – последниот, недовршен филм на Чарли Чаплин

Фантазија за „прекрасно суштество со крилја“, составена од нацрти, раскази и скици на големиот комичар. Ова е содржината на до сега непознато сценарио на Чаплин кое наскоро ќе биде објавено за прв пат. 

Теологијата на чоколадото

Консумирањето чоколадо во христијанскиот свет, особено во католичките земји, кои први имале пристап до него од Европејците, предизвикал дилема. Дали тоа смее да се јаде? Дали треба да биде забрането за време на пости? Расправиите, од папи до монаси, завршиле во моментот кога овие првите го пробале.

Единствената кинеска царица

Историјата ја запишала како насилничка - ја убила сестра си, ја отрула мајка си, безочно манипулирала, и со таквите вештини владеела повеќе од половина век, како единствена жена-владетел во Кина. Можеби поради нејзиниот карактер, а можеби едноставно затоа што како жена била исклучок, подоцнежните генерации вложиле доста напор за да ја избришат од историјата. 

Писателот кој успеа да собере над 20 милиони долари на Кикстартер (и уште собира)

„Изненадување! Четири тајни романи од Брендон Сандерсон“, гласи насловот на Кикстартер кампања, чија цел беше да собере еден милион долари. До денес, 7.3,  со уште 25 преостанати денови од кампањата, собрани се многу, многу повеќе. 

„Приказна од западната страна“ (2021)

Минатата година имаше дури три филмски мјузикли. „Анет“ собраа куп европски награди, а „Сирано“ е номиниран за Оскар за најдобри костими. Но „Приказна од западната страна“ има седум номинации, а од нив некои статуетки се речиси сигурни. Како тргнало, можеби следната година ќе гледаме нова верзија на „Футлуз“?

Кога двајца професори се обложиле во 1000 долари на иднината на човештвото

Едниот бил биолог, другиот економист. Во 1980 почнале јавна преписка околу едно прашање: дали зголемувањето на бројот на население на Земјата ќе ја надмине способноста тоа да се прехрани? Паднал и облог, и еден од нив го добил, иако не баш како што очекувал.

Холодомор: големиот глад во Украина за време на Сталин

Пролетта 1933, Малком Магериџ, дописник на Гардијан од Москва, тајно патувал низ Украина и северен Кавказ, кои во тоа време биле житницата на Советскиот Сојуз. Но наместо да види нахранети и задоволни луѓе, бил ужаснат од масовното гладување и купиштата мртви тела. Неговите репортажи биле изнесени од земјата со дипломатска пошта и биле објавени анонимно на 25, 27 и 28 март.

Слепата готвачка која победи на „Мастершеф“

Родителите на Кристин Ха дошле во САД од Сајгон во 1975, по Виетнамската војна. Нивната ќерка завршила факултет, магистрирала книжевност и заболела од автоимуна болест која ги напаѓа очните нерви. Иако целосно слепа, успеала да ги совлада готвачките вештини. И не само тоа, туку да го освои срцето дури и на камен студениот Гордон Ремзи.

Украинската самоука сликарка на која Пикасо ѝ се поклонувал

Украинските власти јавуваат дека како последица на руската инвазија на Украина е уништен дел од фондот на Историскиот музеј во селото Иванкив, северно од Киев, каде се чува збирка на меѓународно познатата наивна уметница Марија Примаченко. Несреќен повод за светот да се потсети на оваа самоука сликарка, родена 30 километри од Чернобил, во украинското село Болтонија, каде го поминала целиот живот. 

Кога тајната полиција учела да пишува поезија

Нова книга покажува како источногерманската Штази формирала таен поетски кружок, обучувајќи го да пишува поезија, но и да влегува во главата на поетите-дисиденти, ловејќи ги можните сублиминални пораки искажани низ метафори и други форми на фигуративно изразување.

„Мозочен јаз“: кога омилената серија продолжува, но не се сеќаваш на ништо

Пред неколку дена, по подолга пауза, продолжи „Пики Блајндерс“, со последната, шеста сезона. Во април ќе има премиера на исто така финалната сезона на „Бетер кол Сол“. Прва помисла - едвај чекаме. Втора помисла - за што ли се работеше во последните епизоди?

Ниматрон: првата видео игра од 1939

Бил замислуван како емоционален и финансиски антидот на Големата депресија. Светскиот саем во Њујорк од 1939 вклучувал куп технолошки изуми, а помеѓу нив ниматронот, едноставна но дијаболична машина, против која тешко се победувало.

Шоуто не може да продолжи: масовни откажувања на настапи на руски уметници низ светот

Помеѓу другите реперкусии од инвазијата на Путин во Украина, Русија трпи и на полето на спортот и уметноста. Низ светот масовно се откажуваат веќе договорени ангажмани и гостувања на руски ансамбли и поединци, и обратно, закажани настапи на странски изведувачи во Русија. Иако е јасна потребата за притисок врз руските власти, ова го отвора прашањето за колатералните штети по она што би требало да нема граници, националност и политичка припадност - Уметникот. 

Букбокс гледаше: „Скала“ (2021)

Романски филм, кој низ сложен преплет на историски и интимни драми, ја раскажува вистинската приказна за животот на Драгош Паслару, познат актер од времето на 1990-тите, кој по бурните настани поврзани со падот на Чаушеску станува отец Валеријан.

Борис Дежуловиќ: Ода на тагата и минута на радоста

Неодамна известивме за, во најмала рака, необичната одлука на Загрепската филхармонија да ги извади „веселите“ дела на Чајковски од концертната програма и нив да ги замени со „посоодветни“ на Бетовен и Барбер. Во брилијантен текст на оваа тема, Дежуловиќ во ритам на кисело алегро вивачисимо, ја прави парам-парче, и оваа неинформирана (или лицемерна) одлука, и целиот концепт на „тажна“ и „весела“ музика. 

Медиумско навраќање на 1938

Ако некоја идна (блиска или далечна) апокалипса не ги збрише сите сервери од лицето на земјата, примарен извор на идните историчари ќе бидат актуелните фејсбук постови и твитови. За минатото исто толку гласно зборуваат сочуваните весници, кои на хартија изгледа ќе потрајат подолго отколку дигиталните пиксели. Накратко: 1938, Кралство Југославија.

Од голи протести до блокчејн: како уметниците протестираат против руската инвазија на Украина

И до сега беше тешко да се искажат критички ставови низ уметнички перформанси во Русија. Но актуелната ситуација го зголеми нивото на нивна ангажираност, особено во контекст на можностите кои ги нуди блокчејн технологијата. Додуша, некои и понатаму повеќе сакаат да искажат став физички, со сета душа и тело. 

„Долината на нелагодноста“: нова монодрама во која единствената улога ја игра робот

Фигура седи сама на сцена, облечена во развлечен џемпер и пантолони, со прекрстени нозе. Бавно ги движи своите раце и исто толку бавно ја врти главата. Овој единствен изведувач не е човек. Тој, или тоа, е аниматроник, подвижен андроид или со други зборови, робот.

Претходно необјавен роман на Леонард Коен ќе се појави на есен

Напишан во 1956, „Балет на лепрозните“ ќе биде издадена заедно со други кратки раскази и радио драма од почетокот на кариерата на Коен.

Приказната за првата поп ѕвезда на светот

Кога ќе се каже „поп ѕвезда“ обично пред очи доаѓаат Боуви, Принс, Адел. Соло изведувачот и композитор, познат по своите мелодии и стихови, е столбот на популарната музика. Прв, или меѓу првите такви во светот бил човек чие име денес е подзаборавено.

Како изгледа да си бебе-актер?

Учествуваат на аудиции. Плаќаат даноци уште од првата година. Добиваат критики за своите улоги. И не ги бркаат од сет кога ќе ги наполнат пелените. Штета што најверојатно нема ни да се сеќаваат на овие искуства. 

Може еден Ван Гог?: селото во Кина во кое се произведуваат 60% од репродукциите на уметнички дела во светот

Селото се вика Дафен, се наоѓа во јужна Кина, и повеќе од 20 години е во центарот на глобалната трговија со уметнички репродукции. Според уметниците, најевтини, затоа што се наводно најлесни за правење, се делата на Ван Гог, а најскапи се нео-класицистите.

Приказната за Карла Валенда - една од ретките кои починале од природна смрт во семејството на акробати

Kога пред неколку години една 81-годишна госпоѓа успеа да се искачи на 26-метарски столб и да изведе акробатска точка, сето тоа без сигурносна мрежа, многумина се прашаа - од каде искрсна оваа жена? Она што тие не го знаеа е дека нејзината дотогашна кариера траела цели седум децении, и дека таа е меѓу ретките преживеани од нејзиното семејство, чии членови често страдале од падови при изведба на слични точки. Преживеале, и старост дочекале само оние кои по пат се откажале. Освен Карла. 

Mатеј Џајковски: „Би сакал да правам музика за Тарантино или Спајк Ли“

Матеј е „наше дете“, растен во Скопје, образуван во САД, денес со своја продуцентска куќа во Лос Анѓелес. Најнова вест поврзана со неговата работа е вклучување на песната Аbout That Time во изведба на THEY., продуцирана од негова страна, во саундтракот на најпопуларната Нетфликс серија во моментов, Inventing Anna. Повод да му поставиме неколку прашања, за неговите музички вкусови, разликата помеѓу сцените на Балканот и во Америка, и што е она што му недостасува од татковината.

22.2.2022 - палиндром и амбиграм во едно

Денешниот датум е двојно редок, не само затоа што може да се чита исто нанапред како и наназад, туку и нагоре и надолу. Во 21 век има 29 палиндромски денови во европскиот формат на ден-месец-година. Првиот беше на 10 февруари 2001, а последниот ден ќе падне (да сме здрави-живи) на 29 февруари 2092.