Магионичарот кој го инспирирал Реј Бредбери - па исчезнал

Ексерптите не можат да го потврдат постоењето на г-дин Електрико, чија изведба со меч на електрична столица од 1932 наводно го поттикнало интересот за пишување на славниот научно-фантастичен автор.

Во 1932, магионичар кој бил познат само по своето сценско име, Г-дин Електрико, исчезнал некаде низ Америка. Единствениот доказ за постоењето на изведувачот бил спомен споделен од славниот научно-фантастичен автор Реј Бредбери, за мистичната средба со овој лик, која му го променила животот.

Бредбери имал 12 години кога неговиот вујко, Лестер Моберг, бил убиен во тек на кражба во октомври 1932. Ова многу го погодило малиот Реј, кој барал утеха во циркуски атракции кои доаѓале во регионот. Помеѓу различните точки сепак една му оставила посебен впечаток. Магионичар седнал на електрична столица со меч во раката. Подложен на струен удар со напон некаде помеѓу 50.000 и 10 милијарди волти (бројката се менува во зависност од раскажувачот), неговата коса била целата наелектризирана а од забите му избивале искри. Потоа застанал на нозе и го поминувал мечот врз главите на децата, прогласувајќи ги за огнени витези. „Кога дојде до мене ме тапна на обете раменици и потоа на врвот на носот. Молњата ме навјаса. Господин Електрико извика: Живеј вечно!“, напишал Бредбери.

Следниот ден Реј повторно го посетил циркусот каде лично се запознал со Електрико, кој му кажал дека е поранешен свештеник и го запознал со други изведувачи, меѓу кои акробатите на трапез, дебелата жена и со - илустрираниот човек кој потоа ќе стане лик од антологиски расказ на Бредбери. 

„Сме се сретнале и претходно“, му рекол Електрико на авторот. Ти ми беше најдобар пријател во Франција во 1918, умре на моите раце во Арденската битка. И еве си пак, повторно роден, во ново тело, со ново име. Добредојде!“.

Неколку недели по оваа прва средба со Електрико, младиот Бредбери ги напишал своите први кратки раскази, серија посветена на планетата Марс. Од тогаш не престанал да пишува, благословувајќи ја средбата со мистичниот лик, кој послужил како негов креативен „катализатор“. Обидите на историчарите да биде потврдено неговото постоење довеле до сомневање дека можеби се работи за трик на големиот раскажувач, магионичар со зборовите. 

извор

10 март 2023 - 14:17