Bookbox

Исто како што заедничките молитви ги зближуваат верниците, така и заедничкото навивање - на стадиони, во дневни соби или онлајн - создава чувство на заедништво и припадност. Нова книга ја прикажува спортската вера како универзална потреба на луѓето за припадност и емоционална стабилност.

Деновиве внимателно ги следиме натпреварите на Вимблдон, со сите предизвици на внесувањето на ВИ наместо човечки линиски судии, повреди поради кои се предаваат мечеви, славни личности во публика и засега без скршени рекети. Порано се играло само со дланка и со многу тврди топчиња кои можеле навистина да повредат. 

Новата Барби има дијабет

Најновата кукла носи модерен син топ со точки, кратко здолниште со набори, високи потпетици - и инсулинска пумпица. Таа е првата кукла од брендот што живее со тип 1 дијабетес. Со ова Мател го проширува обемот на производи со кои би можеле да се идентификуваат што поголем број деца, но и преку кои се шири свесноста за различни заболувања. 

Ако не ве бива за математика пробајте со благи електро шокови

Лекот да ти бил пет пари, ама кој да го знаел? Нова студија сугерира дека внимателно контролирана електрична стимулација на мозкот може да ги подобри математичките способности, особено со луѓе со послаби врски во одреден дел од мозокот. 

Заборавената нихилистка Вера

Нова поставка во лондонски театар на помалку познат драмски текст на Оскар Вајлд е инспирирана од приказната за 22-годишна руска револуционерка и атентаторка од крајот на 19 век.

Колку и да си славен може да ти се случи никој да не ти дојде на промоција

„Само двајца дојдоа на моето вчерашно потпишување книги. Искрено, помалку се засрамив и се вознемирив“, напиша една млада писателка на Твитер. Неколку нејзини постари и поискусни колеги споделија слични искуства и, се надеваме, ја утешија. 

Хорхе Луис Борхес: „Фудбалот е популарен, ама исто и глупоста“

Аргентина, како и голем број други земји е луда по фудбалот, но истовремено и длабоко социјално поделена. Насилството е рутински дел од натпреварите, нешто што Борхес, самиот Аргентинец, го нарекол „ужасна идеја на супермацијата“. Нему му било тешко да ја оддели навивачката култура од самата игра, па еднаш изјавил - секако на ужас на неговите сограѓани - дека фудбалот и глупоста се исти, затоа што обете се популарни.

Пораки од длабокото

Не е никаква метафизика, туку станува збор за вистински поштенски сандачиња поставени на дното на морето во залив во Јапонија. Зошто? За да се помачиш да пратиш неколку рачно напишани редови на оние кои нешто ти значат, со малку повеќе напор од еден „клик“.

„Вива Магента“ е бојата на 2023 според Пантон

Нам ни се бендисува затоа што одлично оди со сива или црна. Официјално се вика Пантон 18-750 и според компанијата е боја која ќе ја обележи 2023-тата година.

„Гончаров“ - најдобриот филм на Скорсезе, кој никогаш не постоел

Сите филмови кои некогаш биле снимени за мафијата се ништовни во споредба со оној на Скорсезе од 1973. Тој дефинирал цел жанр. Инспирирал цели генерации автори. Исто така - никогаш не постоел.

Букбокс читанка: „Типологија на писмото“ од Игор Радев

„Писмото е сопатник на човештвото веќе приближно пет илјади години....Не мислам дека би застраниле предалеку од вистината кога би кажале дека писмото е тукуречи синонимно со цивилизацијата“. 

Хемичарката заслужна за пионерски третман на лепра чие откритие било украдено

Кога некој конечно ќе го добие заслуженото признание, чувството е позитивно поради тоа што правдата е задоволена, но истовремено останува горчина поради долгото време кое било потребно тоа да се случи. Ова е особено така во приказната на младата хемичарка Алис Бол, чие откритие на ефикасен метод за третман на лепра било преземено од колега кој си го нарекол по себе.

Еротиката на креативните соработки: кога Стравински го сретна Оден

„Животот на развратникот“, единствената целосна опера на Стравински, била премиерно изведена во 1951 на Венецијанското биенале. На ова му претходело долга соработка помеѓу него и британско-американскиот поет Оден. Нив неколку години претходно ги запознал - Олдос Хаксли.

Владетелот кој наредил наместо кафе да се пие - пиво

Фридрих Втори или Велики бил еден од најзначајните државници на 18 век. Поборник на уметноста и филозофијата, тој на својот двор го примил Волтер (кој на гостопримството возвратил со тоа што во своите мемоари ја обелоденил хомосексуалноста на кралот). Ја реформирал бирократијата и промовирал верска толеранција. Но имало едно нешто кон кое не бил толерантен - кафето.

Кралската ковачница издаде златник за 60-годишнината на Стоунси

Ако имате нешто вишок пари, па уште и во денари, со оглед на инфлацијата веројатно е добар момент да ги вложите во нешто трајно. Порано тоа можеби ќе беше златник со ликот на Тито. Сега имате шанса тоа да биде кул паричка, со силуетите на Стоунси.

Сливова ракија, багет и ѕвон на камбани конкурираат за статус на светско „живо наследство“

Оваа недела УНЕСКО заседава разгледувајќи 56 културни традиции кои можат да добијат статус на нематеријално наследство, односно културно богатство на светот.

Здравје и еугеника: натпреварите за најубави бебиња од почетокот на 20 век

На почетокот на 1900-тите во САД посетителите нагрнувале на државните панаѓури за да се натпреваруваат во тоа кој има поубава крава, поголем зеленчук, повкусна пита и - поубаво бебе.

Како Душко Долгоушко му го спасил животот на човекот што го позајмувал неговиот глас

На преодот на милениумот беа правени различни листи на најдобри нешта во повеќе категории. Најголемото изненадување се случи во категоријата „најдобар актер“ од годината 1000-та до 2000-тата, по изборот на Вашингтон пост. Душко Долгоушко! Но тој е посебен не само по ова, туку и по тоа што е единственото измислено другарче кое буквално го има вратено својот креатор од мртвите.

Најбогатиот спортист на сите времиња тежел денешни 15 милијарди долари и бил тркач со кочии

Се викал Гај Апулеј Диокле и на врв на својата спортска кариера - тркач со кочии - „тежел“ 27.000 килограми (!?) злато. Што направил со сето ова богатство? Па, ништо особено.

Букбокс гледаше: „Будала“ (2014)

Како нарекуваме човек кој е чесен, хуман, одговорен, подготвен на жртва за колективното добро? Кој заменува украдени сијалици во влез и постојано ја поправа истата клупа пред зграда? Нормално - будала!

Алан Абел - сатиричарот кој уживаше да ја мами американската јавност

Во 2018, пред Њујорк Тајмс да го објави некрологот за 94-годишниот Абел, новинарите сто пати провериле дали е сигурно мртов. Причина: во 1980 тој ангажирал цела мрежа свои пријатели и соработници да ја потврдат неговата смрт. Веста била објавена, за веднаш потоа Абел да побара извинување. Ова е само еден од многуте „перформанси“ кој тој успеал да ги изведе во текот на својот долг и како што изгледа, крајно забавен живот.

Емил Сјоран: Нема креативност без зрнце лудост

Зошто губиме време со тривијалности? Затоа што се плашиме од содржината на нашите внатрешни дамари. Што ако ги отвориме, ако видиме што се наоѓа таму? Како домаќински да се однесуваме кон нашата инспирација - што кога ја нема, и што кога ја има премногу? Генијален осврт кон економијата на вдаховението од Емил Сјоран, романски филозоф и есеист.

Како да препознаеш талент?

Крај на ноември е и веќе почнаа да излегуваат листи за најдобри книги на годината. Во категоријата „бизнис“ според Фајненшл Тајмс е една која зборува за тоа како да се идентификуваат креативци, за потребите на компаниите кои нема да ги истолчат минувајќи ги низ нивните запчаници, туку ќе ги искористат за сечие добро.

Koлку јотабајти има во кетабајт?: количеството податоци стана толку големо што прв пат по 30 години се воведоа нови мерни единици

Огромното количество податоци кои се генерираат годишно доведува до потреба од нови зборови за опишување на огромните броеви. Неодaмна беа одобрени тазе префикси за oние големите, со 27 и 30 цифри.

Очите на Саша Матиќ

Текстот е на Миљенко Јерговиќ, а е инспириран од неодамнешното гостување на српскиот пејач во Загреб, каде два дена по ред ја полнеше Арена и собра околу 40.000 луѓе. Голем број „навредени граѓани“ и музички критичари никогаш не го слушнале како пее, но веќе по милјето од коешто доаѓа знаат кој е и што е. При очи сте слепи - им порачува Миљенко.

Поради зачестените протести по музеите, цената на билетите најверојатно ќе расте

Министерството за култура на Италија размислува за зголемување на цената на билетите за сите музеи во земјата. Ова беше соопштено од министерот Џенаро Санџулијано, а е резултат на климатските протести чија мета се скапоцените уметнички дела. Не би изненадило овој пример да го следат и музеи и галерии во други  земји. 

За подолго да памтиш, почни да забораваш

Звучи парадоксално, но сите оние фрустрирачки моменти кога се мачиме да се сетиме на нечие име или на некој податок всушност можат да бидат добри за нашата моќ да запомниме.

Зошто ја сакаме музиката што ја сакаме?

Нова книга на продуцентката и експерт за музичка когниција, Сузан Роџерс, носи наслов „Вака звучи“ (This Is What It Sounds Like). Во неа таа анализира неколку клучни елементи кои ни го привлекуваат вниманието кога слушаме нова песна (ритам, мелодија, стихови) и ни го активираат допаминот и предлага слушачка активност за седенки и „тим билдинг“ сеанси.