Шуџи Тамура е кинооператор, единствениот кој пушта филмови во киното Мотомија во Фукушима и покрај тоа што тоа е затворено пред повеќе од половина век.
Во петминутниот документарец „Моето кино“ (видео долу) режисерот Казуја Ашизава го прикажува Тамура како пушта стари филмови на публика составена од студенти и синефили и ги шета низ киното. Турата вклучува поглед одблиску на целосно аналогниот филмски проектор со кого единствено тој знае да ракува.
Иако сама по себе оваа приказна предизвикува носталгија, таа е уште потажна ако се има предвид судбината на Фукушима, која беше тешко погодена од земјотрес и цунами во 2011. Во 2020, годината откако Ашизава го снимил краткиот филм, тајфун предизвикал излевање на локалната река и довел до смрт на седум луѓе и уништување на повеќе од 2000 објекти. Меѓу нив било поплавено и киното, при што половина од 400-те филмови складирани во метално кутии биле оштетени од калливата вода.
Но кога нештата слегнале во киното почнала да пристигнува помош - киноприкажувачи од регионот испраќале филмови и машини, а околу 30 луѓе поврзани со филмската индустрија во Токио дошле да го исчистат и да го исушат местото. Овие напори довеле до реставрација на околу 100 филма. За жал, планираното повторно отворање на местото се поклопило со ширењето на коронавирусот низ Јапонија, па на истото се уште со нетрпение се чека.