- Унгарскиот писател и сценарист Ласло Краснахоркаи, денес, 09.10., во директен пренос, е прогласен за добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година. Тој е одликуван за творечкиот придонес во светската книжевност преку стилска комплексност, меланхолични мотиви и дистопични визии.
- Краснахоркаи е автор на познати романи како „Сатантанго“ и „Меланхолијата на отпорот“, адаптирани и на филмското платно во соработка со режисерот Бела Тар.
- Неговата книжевна кариера е одликувана со меѓународни награди, вклучувајќи ја и „Ман Букер” во 2015 година. Нобеловата го зацврстува неговиот статус како еден од највлијателните современи писатели, кој со јазикот и темите што ги обработува успева да допре до глобалната читателска публика.
- Види претходно: „Бев ноќен чувар за 300 крави“ (позајмено интервју)
- „Отвори прозорец кон нови светови“ е слоганот на 38. издание на Саемот на книгата, кој и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април (четврток до среда).
- Издавачката куќа „Арс Ламина“ го најави ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Преку издавачката куќа „Сакам книги” доаѓа и италијанската писателка Виола Ардоне – авторка на популарната книга „Возот за деца“ која веќе доби и своја Нетфликс адаптација. На штандот на издавачки центар ТРИ ќе гостува Хајс Вилбринк, автор од Холандија. На штандот на Антолог најавено е гостување на авторката Ирса Сигурдардотир од Исланд, препознатлива авторка на трилери. Чешкиот писател Јиржи Хајичек е специјален гостин на „Славика либрис“. На саемот ќе бидат присутни над 30 издавачи од соседна Србија, а за истакнување е и најголемиот издавач Лагуна.
- Програма на промоции по штандови тука
Промоции во Промотивниот центар на Саемот тука
- Во Чифте амам во Старата скопска чаршија в четврток, на 16 април во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“.
- Станува збор за проект што ги поврзува етнологијата и ликовната уметност, преку толкување на етнографските елементи во дела создадени кон крајот на 19 и во првата половина на 20 век.
- На изложбата ќе бидат претставени вкупно 52 дела од колекцијата на Националната галерија, меѓу кои и дела што не биле често изложувани пред пошироката јавност. Според најавата, станува збор за творби од истакнати македонски и балкански автори, инспирирани од животот во Македонија во поинакви историски и општествени времиња. Автор на изложбата е Александар Ристевски, а соработник и автор на текстот во каталогот е м-р Владимир Таневски.