Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

На 79 почина Дајaн Китон

11 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели

фото: Epa Images

  • Дајан Китон, холивидската актерка и оскаровка, продуцентка и режисерка почина денес, 11.10., на 79 години во Калифорнија. Засега не се објавени причините за смртта.
  • Таа имаше богата кариера, меѓу кои и нејзината најпозната улога во „Ени Хол“ на Вуди Ален, за која доби Оскар. Со Ален беа во врска во 1970-тите кога работеа заедно и на други негови филмови („Сем“, „Спијачот“ и др.)
  • Китон имаше и повеќе номинации за Оскар, за филмовите „Црвените“ и „Нешто мора да попушти“ (со Џек Николсон). Значајни се и нејзините улоги во филмовите „Кум“, „Таткото на невестата“ и „Бејби Бум“ . Нејзините последни настапи се во филмовите „Книжевен клуб“, како  и „Летен камп“ во 2024 заедно со Кејти Бејтс.
извор

На 88-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

24 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Денеска (24.06.) во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист. Во три мандата беше претседател на Друштвото на писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. 
  • Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 г. е професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. 
  • Автор е на педесетина книги проза и поезија, меѓу кои култниот роман „Сок од простата“, која веднаш по појавувањето во 1990 година, ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Како публицист, потпишува редица книги главно поврзани со конструирањето на македонскиот идентитет и борбата на Македонецот за сопствена држава. Како енциклопедист е главен уредник на Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), четири тома хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски) и други.
извор

Уште успеси на наши луѓе

23 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Од јули 2026 проф. Мирко Трајковски, по потекло од Скопје (попрецизно - Буњаковец), со завршен Фармацевтски факултет на УКИМ, е Директор на Одделението за клеточна физиологија и метаболизам при Универзитетот во Женева. Тој е професор на Факултетот по медицина на истиот универзитет од 2013. 
  • Проф. Трајковски раководи со интердисциплинарен истражувачки тим кој се занимава со најнови експериментални технологии и ин витро модели за да се открие како метаболитичките процеси влијаат врз сложени болести вклучувајќи дијабетес, прекумерна тежина и рак. 
  • Тој и неговиот тим развиле иновативен метод за откривање на колоректален карцином преку анализа на бактериите во цревниот микробиом, кој е многу помалку инвазивен и речиси подеднакво точен како колоноскопијата.

    Подетално за патот на Трајковски во интервју за факултети.мк од 2017.


 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Разно
2

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

3

Кавадарци да намали со ракијата

Македонштина
4

Скенер каков што досега немало

Технологија
5

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Балканштина
6

До кога вака бе дечки?

Разно
7

Читачки ризици

Балканштина
8

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Технологија
1

Експериментот на Золотас: може ли цел говор на англиски да содржи само грчки зборови?

Bookbox
2

„Одисеја“ со гласот на Мајкл Кејн? И да, и не

Bookbox
3

Како земјоделецот станал мускулест херој

Bookbox
4

„Ипомнема“ или како човек да го запамти она што е навистина важно

Bookbox
5

Уште успеси на наши луѓе

6

Чистач, па хигиеничар, па одржувач на објект: зошто еуфемизмите постојано се менуваат?

Bookbox
7

Повеќе од веѓа: нова изложба во Лондон ја истражува „комодификацијата“ на Фрида Кало

Bookbox
8

Кои биле последните зборови на Марија Антоанета?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балкански капитализам

Балканштина

Читачки ризици

Балканштина

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Македонштина

Кавадарци да намали со ракијата

Балканштина

Одиме до крај

Македонштина

Камај

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Политиката како свирање Курцу

Луи Ц.К.

Кога музичарите не се трпат

Самурајски поздрав за земјата на која ѝ го сменија името

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy