Bookbox

Ирскиот музичар, кантавтор и добитник на „Оскар“ Глен Хансард, кој трагично загина во сообраќајна несреќа на 56-годишна возраст, зад себе остави богато музичко наследство и репутација на еден од најискрените современи трубадури.

Во време кога форензиката не постоела, а науката сè уште не можела да понуди одговори, луѓето барале правда на необични начини. Едно од најраспространетите средновековни верувања било дека жртвата на убиство може, дури и по смртта, да го „обвини“ својот убиец.

Букбокс друштвени игри: „Акрополис“ или како да изградите свој древен град

Јасно ни е дека рубрикава летово ни се „погрчи“ (блејм ит он Одисеја), но точеното пиво и пуканките во маалско борд гејм кафе со поглед на море си го прават своето и повлекуваат и тематски соодветна игра. И не дека таа е од грчки автори или има директна врска со реалниот Акропол, но контекстот е одлично искористен за развивање механизми на внимателно планирање, како тоа што го градите да ќе трае илјадници години.

Итака и Кефалонија (пак) се спукаа од каде е Одисеј

Новиот филм на Нолан повторно разгоре битка  – археолошка и историска – која трае со децении околу прашањето каде всушност се наоѓала легендарната Итака, татковината на херојот на Хомер.

Festum π: единствен фестивал каде се среќаваат математиката и музиката

Математиката и музиката отсекогаш биле поврзани преку ритамот, хармонијата и пропорциите. Токму оваа единствена врска е во фокусот на меѓународниот фестивал Festum π, кој секое лето на Крит, веќе пет години, ги обединува научниците, музичарите и љубителите на уметноста во богата програма од концерти, предавања и научни дискусии.

Зошто беше откажана промоцијата на новиот роман на Уелбек?

По нападот на Шарли Ебдо, една книга почна вртоглаво да се искачува на листата бестселери на францускиот Амазон. Насловот е „Покорување", се случува во иднината, а темата е - исламската закана на која е изложена Европа. Планираната промотивна турнеја мораше да се одложи.

Шарлиевите ангели

Во 1994 членови на редакцијата на Шарли Ебдо доаѓаат во Сплит и прават репортажа за градот и за колегите од Ферал Трибјун. Дежуловиќ сега им ја посветува оваа колумна на своите соборци, сè уште тврдоглаво верувајќи - дека љубовта е посилна од омразата.

Сирачето од Сиера Леоне коешто стана балерина

Родена како Мабинту Бангура во 1995, Микела Де Принс минала тешко детство, обележано со воено насилство. Во нејзината нова книга, таа објаснува како од сираче од Сиера Леоне станала една од ретките црни балерини во САД, за којашто допрва ќе слушаме.

Писателот е најдобар пријател на кучето

Дан Банино е италијански фотограф, чиј живот бил променет дента кога го вдомил неговото куче Ротко, земен од прифатилиште за кучиња-скитници.

Најчудните корекции на Њујорк Тајмс во 2014

Меѓу другите работи кои се сведоа изминатата година е и бројот и видот на грешки кои се правеа по медиумите, за што некои од нив имаат чуден обичај да се извинуваат. Не дека и ние сме им имуни (сте чуле за градот Колоњ?), ама тоа не нè спречува да му фаќаме сеир на еден Њујорк Тајмс.

Дали живееме во свет опседнат со ризици?

70-годишниот социолог почина на првиот ден од Новата година, оставајќи ја зад себе необјавената студија „Метаморфоза на светот". Исто како што гасеницата нема поим што се случува додека таа минува низ промени во својата чаура, така и ние реагираме на трансформациите на нашето општество, неподготвени за неговите ризици. 

Што значи да си карикатурист во Франција?

12 мртви, меѓу кои и четворица од карикатуристите-основачи, е моменталниот биланс на нападот на сатиричниот француски весник Шарли Ебдо, кој претседателот на Франција Оланд го нарече „терористички". Франција има долга традиција на сатира, која денес се покажа како погубна за оние кои се занимаваат со неа.

Британија е жртва на „мулти-култи балканизација"

Борис Џонсон, познат по својата креативна употреба на мајчиниот англиски, особено за навреди („големи мрзливи протоплазмични безрбетни амеби"), има експертска дијагноза зошто голем број жители на Британија не зборуваат англиски. Ако е нешто лошо, мора да има врска со Балканот.

Политиката на презимињата

Различните режими ги имаат менувано со сила. Невестите го земаат она на мажот со мило. А на владите им се важни за да знаат кој сте, каде сте и колку да ве оданочат. Но дали презимето и понатаму ќе биде толку значајно за идентитетот како што било до сега?

Закерберг отвара читачки клуб

Самообвинувачката флоскула „заради ова интернетов" за многумина стана главен изговор што долго време не зеле книга в рака. Тоа станува уште поиронично имајќи го предвид „бук"-от во името на Фејсбук. Но Закерберг сега ќе ја оправа работата.

Како изгледа да си професор во Македонија низ gif-ови

Како, макар и со задоцнување, пошироко да се промовира имиџот на професорите како реално трудољубиви, чесни и упатени, а да се нагласи аматеризмот и агресивното незнаење на оние кои сакаат да ги „зауздаат"? Aко не помагаат сложени таблици, формули, учени дискусии и отворени писма, можеби ќе помогне ова.

33 ветувања за читање книги во Новата

Писателот Остин Клеон, нам познат по бестселерот „Кради како уметник", манифест за креативноста во дигиталното доба, состави листа на сопствени ветувања во врска со читањето. Ни изгледа како фин вовед во Новата, иако повеќето од спомнатите работи веќе ги правиме. Ама бр. 5 ќе мора да гo вежбаме.

Кој е францускиот економист кој ја одби Легијата на Честа?

Само ден по Нова година, кога француската држава традиционално ја доделува престижната награда, еден од добитниците им порача на политичарите - не туку кажувајте кој е заслужен а кој не, фатете се за работа.

Дилан Томас наместо честитка

2014 меѓу другото ја одбележаа два настани: 100 годишнината од раѓањето на велшкиот поет Дилан Томас и епскиот научно-фантастичен филм „Интерстелар". Нивната точка на средба е славната песна на Томас, Do not go gentle into that good night, која во филмот се цитира неколку пати.

Букбокс ретровизор: најчитано во 2014

Во 2014 продолживме со филмските и книжевни осврти, ги ловевме интересните вести од областа на културата, повторно јадевме книги, почнавме Твитер филмски клуб, прочитавме и напишавме куп статии, и се дружевме. На нејзиниот крај ви нудиме две листи: она што вие најмногу го кликавте, и она што нас најмногу нè возбудило како приказна или „проект“. 

Нова книга на Џејми Оливер: храна што ве гушка

Повеќе интуитивен отколку жанровски јасен концепт, comfort food е храна подготвена дома, како сармички виткани од мајчински раце, или пире несмасно гмечено од децата, што прави да се чувствувате пријатно, утешено и заштитено. Како кога некој пред спиење ќе ве покрие и ќе ве бакне во чело.

Секс од А до Ш

Пред некое време пишувавме за безобразната руска азбука од 1931, чиј автор изработувал споменици на Сталин.Сега откривме верзија со латинични букви, која има една предност - се мрда.

Шест реални случки од 2014 раскажани како фикции

Џабе бираме најдобри книжевни дела за изминатата година, кога таа беше полна со настани кои по својата чудесност ja надминуваат фантазијата. Ова е логиката на Гардијан, кој објави серија текстови во кои познати автори ги замислуваат/измислуваат деталите зад најинтересните случки.

Штулиќ на сите по список

Не знаејќи како жанровски да го одреди овој текст, белградско „Време“ го сместува во рубрика „смејурија“. Иако делува како драматуршки презаситен список екс-ју имиња, тој сепак покажува неколку работи: дека Штулиќ и тоа како добро се сеќава, дека исто толку добро ги следи актуелните настани, и дека (ова го знаевме, ама да си повториме) - е лудак. 

Кога библиотекарите биле Гугл

Она што денес го прават интернет пребарувачите, обидувајќи се да ни дадат одговор на понекогаш апсурдните прашања, порано било задача на библиотекарите. Јака им душа што сè трпеле.

Читатели и пријатели бираат: што им ја одбележа културната 2014?

Наместо ние да бираме што беше најдобро, замоливме неколкумина да ни кажат што културно ги возбудило, израдувало, допрело во 2014. Не баравме нешто помпезно, во смисла на „настан на годината", туку некое, макар мало, но убаво искуство. Еве што ни рекоа:

Баталете е-книги пред спиење

Ново истражување покажува дека светлината којашто ја емитуваат повеќето е-читачи негативно влијае врз заспивањето. Чаре: правете нешто друго в кревет.

Најстарата тапанарка на светот

Ракувала со палки подобро од кој и да е маж, а нејзината вештина и денес може да засени голем број модерни тапанари. Смит е само една од голем број легендарни музичарки, кои го отвориле патот за некогаш дискриминираните перкусионистки. Денес има 102 години и сè уште не се откажува.

Замина музата на Бекет

Били Онор Вајтло (Billie Honor Whitelaw), англиска актерка која почина пред неколку дена на 82, цели дваесет и пет години му била најблиска соработничка на Бекет. Се запознале во 1964 и сè до неговата смрт тој ја сметал за своја муза и совршен интерпретатор на неговите дела.