Списанието HEEB вака го започнува текстот за новиот албум - „Вејтс отсекогаш ми изгледал како некој кој има повеќе зеднички црти со библиските пророци, oтколку со други музичари - слушајќи го неговото завивање кое како да доаѓа од гроб, не е тешко да се замисли во добро друштво со дивокосите и дивооки лудаци од Библијата, кој излегуваат од пустината со злокобни визии во нивните глави, соопштувајќи им на оние околу дека да, го виделе Бога во дивината, и леле колку е љут!".
Ете зoшто ваков албум со преработки на негови песни на хебрејски, снимен на јазикот на пророците, според неговите автори изгледа како нешто „природно".
Shirim Meshumashim (буквално: Употребени песни) е продуциран од Гај Хаџаџ (Guy Hajjaj), кој потрошил скоро 4 години работејќи со импресивен список на израелски музичари, за да им понуди укинатни толкувања на музиката на Вејтс.
Насловите се само на хебрејски, па малку се измачивме со Гугл транслејт (плус со пишувањето од десно кон лево) за да ги откриеме некои од потешко препознатливите. Да ви помогнеме: осмицата е Rain Dogs, десетката Little Drop of Poison, a бр. 19 Strange Weather. Препорака: бр. 6, 7, 20 и 21. Нив лесно ќе ги препознаете.