- На 27 јуни (петок) 2025 година, во 20:00 часот, во Мултимедијалниот центар Мала Станица – Скопје, ќе биде отворена изложбата на алтернативни фотографии, со дела избрани на меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири.
- Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат, под мотото ФотоСинтеза! и претставува единствена платформа во регионот посветена на некомерцијални, експериментални и авторски фотографски практики.
- Фестивалот ги промовира современите трендови во фотографијата, слободата на визуелниот израз, аналогните процеси, рачно изработените уникатни дела и едукацијата за аналогна фотографија преку работилници, публикации, предавања и изложби.
- Политичкиот трилер „Битка по битка“ на режисерот Пол Томас Андерсон беше најголемиот победник на доделувањето на Оскари 2026, освојувајќи вкупно шест награди, меѓу кои и Оскар за најдобар филм. Филмот, во кој главната улога ја игра Леонардо Ди Каприо, ја следи приказната за милитантни активисти во САД што се борат за правата на мигрантите. Пол Томас Андерсон за првпат во кариерата освои Оскар – и тоа за најдобар режисер, најдобро адаптирано сценарио и како копродуцент на филмот.
- Главниот фаворит по бројот на номинации, филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер, имаше рекордни 16 номинации и на крај освои четири Оскари. Мајкл Б. Џордан ја доби наградата за најдобар актер за двојната улога во „Грешници“, победувајќи ги номинираните Леонардо Ди Каприо и Тимоти Шаламе.
- Оскарот за најдобра актерка го освои ирската актерка Џеси Бакли за улогата во драмата „Хамнет“, каде ја игра сопругата на Вилијам Шекспир.
- Шон Пен го освои третиот Оскар во кариерата – за најдобра споредна машка улога, за ликот на корумпиран воен офицер во „Битка по битка“.
- За првпат во историјата на наградите, Оскарот за најдобра камера го освои жена – снимателката Отом Дуралд Аркапо за филмот „Грешници“.
- За првпат беше доделена и нова награда за најдобар кастинг, која ја доби Касандра Кулукундис за филмот „Битка по битка“.
- Во категоријата за најдобар краток филм имаше ретко изедначување, па наградата ја поделија филмовите „Пејачи“ и „Двајца луѓе разменуваат плунка“.
(фото: EpaImages)
Фото: EpaImages
- Мистериозниот графити уметник, чиј идентитет се чува во тајност со децении, е тема на истражувачки текст на Ројтерс. Тој нè води од Хоренка, бомбардирано село во Украина, преку Лондон до Њујорк, земајќи предвид претходно необјавени американски судски досиеа и полициски извештаи, како и изјава на поранешна партнерка која била во врска со уметикот четири години пред тој да „транзитира“ во Бенкси. Истовремено, се гео-лоцираат објекти од мемоари и изјави на негови соработници.
- Трагата на сите овие извори упатува на Робин Ганингам, роден во Бристол во 1973, кој некое време го користел името Дејвид Џонс.
- Најинтересен дел е анализата на економската позадина на работата на овој уметник. Централна улога во системот има организацијата Pest Control, основана во 2008 година, која практично го регулира пазарот - ги автентицира неговите дела и одлучува кој ќе биде првиот кој ќе има шанса да ги купи оние најновите. Зад мистериозната јавна слика на уличен бунтовник oттаму постои добро организиран и профитабилен уметнички бизнис, кој сепак останува нетранспарентен и силно контролиран.
- Во исто време, анонимноста на Бенкси и неговата критика на капитализмот создаваат парадокс: уметност која го критикува пазарот e дел од глобален и многу профитабилен уметнички пазар.