- Стотина изданија – монографии и зборници за македонскиот стандарден и дијалектен јазик, збирки стари текстови, речници, меѓу кои Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски, книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков, Абецедарот објавен пред сто години во Атина – се достапни во електронска форма на веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик, креиран од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ.
- Веб-порталот беше презентиран денеска (28.5.) во МАНУ, во рамки на промоцијата на „Македонски дијалектен атлас (од ризницата на картотеката лексички материјали)“.
- „Јас не можам да апелирам МАНУ да вработи информатичар, тоа е исто како да се побара астронаут да биде примен. Претседателството се обидува на разни начини и поентата е дека успеавме од тоа што ги имавме на тврди дискови да обновиме и да го поставиме на надворешен сервер, комерцијален, но сепак да си стои сето тоа под МАНУ“, изјави на настанот академик Марјан Марковиќ, одговорен за проектот.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.