- Даниел Коцев е предметниот јавен обвинител во случајот со Артан Груби кој за време на неговото сослушување (велат во судот) предложил на Артан Груби да му биде определена поблага мерка од притвор во Шутка, односно да оди во куќен притвор.
- Груби во истражниот затвор нема да преспие ни една ноќ.
- Предметот го води Основното јавно обвинителство Скопје чиј прв човек е обвинителот Анел Фидоски.
- Куќниот притвор бил предложен и поради тоа што второосомничениот во случајот Лотарија (Груби) доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
- Груби „доброволно се пријави“ после 14 месеци бегство од државата.
- Се молат скопските обвинители деновиве доброволно да се пријават како доставувачи на храна за Груби преку Волт и Корпа, во случај тој да се сомнева во безбедноста на домашната храна.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.