Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Сите добитници на награди на Берлинскиот филмски фестивал 2026

22 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Филмот „Жолти букви” на германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја освои Златната мечка за најдобар филм на 76-тиот Берлински филмски фестивал, што заврши вчера, 21 февруари. Станува збор за политичка драма за турски режисер и неговата жена-глумица на кои им е забрането да работат поради нивните ставови. Претседателот на жирито Вим Вендерс наградата ја врачи лично, нарекувајќи го филмот „поглед во блиската иднина која може да се случи и во нашите земји”
  • „Сребрената мечка“ ја доби „Спасение“ (Salvation) на Емин Алпер, кој во говорот изрази солидарност со затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу и со „луѓето на Иран кои страдаат под тиранија” и „Палестинците во Газа”.
  • Фестивалот не помина без контроверзии уште од самиот почеток. Индиската нобеловка Арундати Рој се повлече од настанот откако претседателот на жирито Вендерс изјави дека жирито „не може да влезе во полето на политиката” во врска со германската поддршка за Израел. Десетици фигури од филмската индустрија, меѓу кои и актерите Хавиер Бардем и Тилда Свинтон, потпишаа отворено писмо со кое го осудуваат „молкот на фестивалот за геноцидот во Палестина.”

Останатите наградени на линкот.

извор

Изложба „Раселени“ на Тања Балаќ во МАНУ

15 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Изложбата „Раселени...Фрагменти од сеќавањето“ на Тања Балаќ ќе се отвори на 16.09.2026 (среда) во 20 часот. Таа произлегува од долгогодишното истражување на темата на мигрантската криза, раселеноста, но сега повеќе се поместува кон она што останува во човекот откако ќе исчезне местото што го нарекувал „дом“.
  • „Не ме интересира само човекот кој е принуден да замине, туку и она што тој го носи со себе - сеќавањата, сликите, фрагментите, стравовите, блискоста, отсутните луѓе, просторот што повеќе не постои на истиот начин. Можеби токму затоа и зборот фрагменти ми е важен. Сеќавањето никогаш не е целосна слика. Тоа секогаш е составено од делови.“ - вели авторката во интервју за УМНО (на линкот).
извор

78-мото издание на наградите Еми со историски моменти

15 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Медицинската драма „Д Пит“ ја освои наградата за најдобра драмска серија на 78. доделување на „Еми“, кое се одржа во раните утрински часови на 15.09. по македонско време во Лос Анџелес. Серијата, која минатата година исто така беше прогласена за најдобра во драмската категорија, го повтори успехот и во 2026 година. Нејзиниот главен актер, Ноа Вајл, освои награда за најдобар актер во драмска серија.
  • Меѓу останатите добитници во драмските категории се најдоа Риа Сихорн, која го освои својот прв „Еми“ за главна женска улога за „Плурибус“ (уште ѝ должат за „Бетер кол Сол“), и Том Пелфри, награден за споредна машка улога во серијата „Таск“. Алисoн Џени, пак, ја освои наградата за споредна женска улога за „Дипломатот“.
  • Најголемото изненадување на вечерта беше серијата „Видоус беј“, која ја освои наградата за најдобра комедиска серија. Таа освои шест награди во главната церемонија, со што се издвои како еден од најголемите победници на годинешните „Еми“. Метју Рис ја освои наградата за најдобар актер во истата, додека Кејт О’Флин и Стивен Рут беа наградени за споредни улоги. Серијата освои и признанија за сценарио и режија.
  • Џин Смарт освои „Еми“ за најдобра актерка во серија од жанрот комедии за улогата на Дебора Венс во „Хекс“. Ова е нејзина петта последователна победа во истата категорија за оваа улога, што претставува историски успех. Метју Рис оствари исклучително достигнување, освојувајќи награди во две главни актерски категории во текот на истата вечер. Покрај наградата за комедијата „Видоус беј“, тој беше награден и за главна машка улога во ограничената серија „Ѕверот во мене“. Со тоа стана првиот кој во една иста година освоил „Еми“ за главна актерска улога и во комедија и во мини серија. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Скијачка ју легенда на 70 години направи свадба без гости

2

Туѓата секогаш е (во нешто) подобра

Балканштина
3

Што ти е Европејски сојуз

Балканштина
4

Дурекс за најјаките скопски фраеришта

Видео
5

Западот губи две војни истовремено

Мислења
6

Како изрика Најк?

Бизнис
7

35 години крпење

Македонштина
8

Додека во Германија е општонародна радост и весеље

Медиуми
1

Мемоарите на канадскиот ѓубреџија-социолог: „Подолу од дното не можеш да паднеш“

Bookbox
2

Од зелка и каранфилче до козји бели дробови - кратка историја на мамурлакот

Bookbox
3

ПИСА тестирање - зошто се важни и локалните разлики?

Bookbox
4

Заборавената прва жена-режисерка во светската кинематографија

Bookbox
5

Дали и вам времето ви минува сè побрзо?

Bookbox
6

78-мото издание на наградите Еми со историски моменти

7

Офицерски Дом - Битола: повик за креативни работилници со архивски фотографии

8

100 години од раѓањето на Џон Колтрејн: што откриваат нови тајно направени снимки за големиот бунтовник на џезот?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Чуда на диетата

Балканштина

Монструмот е фатен!

Медиуми

Додека во Германија е општонародна радост и весеље

Балканштина

Туѓата секогаш е (во нешто) подобра

Македонштина

35 години крпење

Балканштина

Што ти е Европејски сојуз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто Америка се срами да го сака Мексико?

VMRO on my mind

Ме радува што прасечките уши станаа хипстерска храна

Што знае млад човек што е омекнувач

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy