Британскиот дизајнер Сем Беркли, заедно со уште 5-10 проценти од населението, живее со ова нарушување. Тој има создадено книга наречена „Се прашувам како е да си дислексичен", чија цел е да ги стави „нормалните" читатели во ситуација на дислексичари. Целта е не само да се симулира како му е на некој кој страда од тешкотии при читањето и разбирањето на прочитаното, туку да ја објасни психологијата која стои во основа на оваа состојба, а истовремено и да развие емпатија кон оние со ваков проблем. Текстот е земен од француска книга наречена „Малите животни задоволства", но е помешана со информации за дислексијата.
Доколку сте дислексичар може да страдате од симптоми кои влијаат врз вашето визуелно, аудио и вербално учење. Дури и големите букви знаат да бидат проблем и да го попречат течното читање. Во книгата на Баркли има куп ефекти кои намерно го прават истото - зборови пресечени на пола или видоизменети до непрепознатливост, чудни прореди и други визуелни трикови. Тој се оградува од каква и да е научност на овие примери, туку вели дека книгата е пред сè негово толкување на тоа како изгледа да се мачиш со читањето.
Како и славните Александар Греам Бел, Ричард Брансон и Стив Џобс, Баркли ја има претворено својата дијагноза во претприемничка страст. На седум години тој едвај читал, но добил велосипед во натпревар за најдобро дизајнирана божикна честитка. Сега неговата книга на Кикстартер има собрано над 75,000 долари, што ќе овозможи нејзино печатење во поголем број примероци и поширока дистрибуција.
„Изгледа дека концептот да им помогнеш на луѓето да разберат што значи да имаш проблем со читањето подобро функционира од тоа да се обидуваш оние кои се мачат со читањето да го прават тоа подобро.", изјавил тој. Самиот вели дека загубил премногу време учејќи како подобро да чита, наместо да се посвети на нешто во кое бил навистина добар. Сега конечно го прави токму тоа.
извор: The Wired