Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Промоција на „Актерот и просторот“ на славниот режисер Деклан Донелан

27 мај 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Утре, 28 мај (среда) во 12 часот во фоајето на Театар Комедија ќе се промовира книгата „Актерот и просторот“, меѓународно признат театарски и филмски режисер и ко-директор на театарската компанија Cheek By Jowl. Со ова издание Театар Комедија продолжува со превод и објавување на значајни дела од театарската теорија и естетика. Преводот е на Бисера Бендевска, а промотор ќе биде проф. Иван Додовски.
  • Посетата на Донелан на Македонија е поврзана со работилница за театарски режисери што ја држи со неговиот колега Ник Ормерод (26 и 27 мај).
  • „Книгава е како рачна граната. Содржи понизност и дрскост – сè што е потребно за работа во театар“, изјавила Кејт Бланшет.
извор

Промоција на „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети

19 декември 2025
  • Share
  • Post
  • На 20 декември (сабота), во 17 часот во кафе барот „Вудсток“ ќе се промовира романот за деца и млади „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети.
  • Романот е објавен во издание на „Или-Или“, во едицијата „И ете приказна“. По „Илина и шумските тролови“ авторката, на радост на верните читатели, во втората книга од најавената трилогија нѐ запознава со новите авантури на паметната, хумористична и шармантна Илина и нејзините пријатели.
  • За книгата на промоцијата ќе зборуваат нејзините први и верни читатели: Ивана Марковска Доковска, Каја Атанасова Ѓорѓиева и Јован Стаменов.

Букбокс читанка за претходната „Илина и шуските тролови“ тука

извор

Промовиран реобјавениот „Абецедар - сто години потоа“

15 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Се навршуваат 100 години откако во Атина, на барање на Друштвото на народите од Женева, во 1925 година бил објавен „Абецедар“ за учениците Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Тој никогаш не влегол во употреба поради негаторските политики на соседите кон македонскиот идентитет. На ова беше уште еднаш потсетено на промоцијата на реобјавеното издание, „ Абецедарот- сто години потоа“, која се одржа на 13.12.2025 на Универзитетот „Скопје“.
  • „Абецедарот е напишан на латиница. Веројатно тоа е грчки маневар повторно за да се избегне бугарската и српската кирилица. Бидејќи и Бугарите и Србите барале заштита на своето малцинство во Грција. А, Грците тврделе дека не се работи ниту за бугарско, ниту за српско малцинство, туку за автохтоно славоговорно население, како што тоа го викале, бидејќи одбегнувале да употребат некаков епитет македонски“, изјави на настанот историчарката Виолета Ачковска.
  • Транскрипцијата во новото, преобјавено издание на „ Абецедарот“, од латиница на кирилица ја направи професорката Елка Јачева- Улчар. Според неа, во оригиналот од пред 100 години се користел дијалект што во творештвото го применувал  Крсте Мисирков. Неговата основа е од западниот дел на леринско- битолските говори, а акцентот е на третиот слог, од крајот на зборовите. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Пластичарска против струја (што се плаќа)

2

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина
3

Зеленски прифаќа голема отстапка за да заврши војната

4

Боли, а?

Онака
5

Киноа никако пред солфеж

Балканштина
6

Ѓорче Петров, отворена општина

Македонштина
7

Знаете ли зошто во мартини се става маслинка а во ракија не?

Балканштина
8

Голем беше ама пиеше

Разно
1

10 божикни песни кои биле забранети

Bookbox
2

Сарма од која ви се плаче

Bookbox
3

Електричниот накит и заборавениот гениј што го осветлил Париз

Bookbox
4

Најдобрите книги за 2025 година

Bookbox
5

Букбокс гледанка: „Мастермајнд“ (2025)

Гледанка
6

Сте слушнале за експерименталниот град Зузалу во Црна Гора?

Bookbox
7

Златните глобуси воведуваат категорија „Најдобар подкаст“

Bookbox
8

Ново домашно милениче - чајна габа

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Балканштина

Киноа никако пред солфеж

Балканштина

Знаете ли зошто во мартини се става маслинка а во ракија не?

Медиуми

Кратки лекции по астро и по физика

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Менует за трамболина и ѕид

Од вирусни информации некогаш се повраќа

Се сеќавате на #Occupy?

Сектата на Џани

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy