Интерактивноста се состои во тоа што можете како на телевизор да менувате канали, на кои согласно нивниот жанр се одвива приказната за песната. Историчарите со сериозни лица повторуваат „хау дас ит фииил", а оставените љубовници на каналите за сапуници се надоврзуваат „ту би он јоур оооун".
Супер парче направено од компанијата Интерлуд, и истовремено технолошки најмодерната работа која ја направил Дилан, во склоп со објавувањето на The Complete Album Collection Volume 1 кој содржи дури 47 ЦД-а со негови песни. Освен на ЦД истото издание е достапно во ограничен тираж и на УСБ во облик на усна хармоника.