Таг: спот

Куче-робот ќе помага на археолошките наоѓалишта на Помпеја

Се вика Спот и ќе биде користен за да се идентификуваат безбедносни и инфраструктурни проблеми, вклучително и тунели кои ги копаат крадци на археолошки остатоци. Ова е прв пат на вакво роботче да му се најде примена во заштитата на културното наследство. 

Ќе те барам, ја слушам песната на Боатенг

Дечкото толку го боли увце за зелениот терен што пропушти прилика да се докаже во Барселона која, пази, го донесе скроз заборавен, од италијански Сасуоло, му даде шанса, ама овој ни тренирал како треба ни бутур па го вратија без поздравување. Што му останува сега, ќе снима спотови и песни.

ПСЖ се скара со М.И.А. поради дрес во спот за мигрантите

Пари Сен Жермен бараше преку Универзал Мјузик да се тргне спотот за песната Граници (Borders) на англиската пеачка М.И.А. затоа што видеото ја нарушувало престижната репутација на клубот.

Интерактивен Дилан

Скоро педесет години по создавањето на Like a Rolling Stone, песната конечно доби свој официјален спот. 

Нов спот на 2Cellos

Познатото виолончелско дуо од Хрватска објави видео за песната Hurt, која во оригинал ја изведуваат Nine Inch Nails, а дополнително ја прослави Џони Кеш.