Кога филмска сцена ќе оживее

Оргазмичен флеш моб

Си седите во Чамо и ја чекате тоа турлитавата, кога одеднаш околу вас 20 мажи почнуваат да стенкаат. Сцената ви е нешто позната, само никако не ви текнува од кој филм беше.

ImprovEverywhere е њујоршка пренк заедница, која организира различни сцени на хаос и радост на јавни места. Создадена во 2001 година, таа до сега има повеќе од 100 мисии, кои вклучувале десетици илјади „тајни агенти".

Нивен нов проект е оживување на легендарен филмски момент на јавно место - до сега имаат направено седум, меѓу кои Господар на прстените, Индијана Џонс и Матрикс (сите тука). Најтазе им е антологиската сцена од „Кога Хари ја сретна Сели" со глумењето оргазам - двајца актери облечени исто како и оние во филмот, и во сосема истиот ресторан (Кац Дели во Њујорк) го кажуваат текстот, а потоа жената почнува да стенка. Ѝ се придружуваат уште 20 други (секоја од нив излезена на вечера со дечко). На крај нормално некој го кажува и она: „И ја сакам од истото што го нарачале овие".

Сопствениците на рестораните и вработените не знаеле за пренкот, а на сите учесници им бил потребен најмалку еден час за сите да најдат место во пребукираниот ресторан на улицата Хјустон во сабота навечер. Но на клипчето се гледа дека и персоналот ужива во сцената.

Во Katz's Deli и денес над масата каде е снимана познатата сцена стои натпис. Клучен збор: уживајте!

OрГиналната сцена:



Бонус: еден од сендвичите во ресторанот

 

15 ноември 2013 - 09:32