(фото: Epa Images)
- На 67 годишна возраст, Мајкл Мадсен, најпознат по соработките со Квентин Тарантино и над 300-те филмови во кои е наведен како актер на Имдб, е пронајден мртов во својот дом во Малибу. Првично, станува збор за срцев удар.
- Неговата филмографија опфаќа антологиски филмови како „Дони Браско“, „Телма и Луиз“, „Град на гревот“ и „Дорс“, но поради долгови на списокот има и куп промашувања, на пример филмови на руски јазик во кои е именуван само како „агент“, а позајмуваше и глас за видео игри. За негова најголема утка се смета пропуштањето на улогата на Џон Траволта во „Палп Фикшн“ затоа што тогаш го снимал „Вајат Ерп“.
- „Ако Том Хенкс ја долови природната пристојност на просечниот Американец, Мадсен беше од оние кои ликови на кои не сакате да налетате во полноќна сендвичарница или во празен вагон на градското метро, еден од оние кои ве ежат дури и ако се само ликови во роман на Чендлер.“ (тука)
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.