Bookbox

На вчерашниот прв ден од конференцијата „Наука за деца“ требаше да биде нели, за деца. Ама и на некои возрасни им се отворија очите од едно хемиско-етимолошко сознание.

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Жената со џуџест раст што направила револуција во издаваштвото

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Уметноста на магнетната резонанца

Во пресрет на денешното јадење книги во Пепер (облечете се топло), ви претставуваме мешавина на храна, наука и уметност. Скенови се, ама не на похован мозок.

Почина Светлана Велмар-Јанковиќ

Вчера на 81 година во Белград почина писателката и академик, за чии дела се вели дека го сочувале од заборавот исчезнатото српско граѓанство.

Стриповска сатира на книжевноста

Прв пат го забележавме Том Голд преку неговото стрипче за улицата на која растел Вејтс. И кога би требало да се одлучиме помеѓу него и, на пример, xkcd на Рандал Манро, тоа навистина би бил тежок избор. За среќа никој не го бара тоа од нас.

Гугл локации на познати корици на албуми

За најтврдокорните фанови на некој бенд или музичар посетата на местото каде е сликана корицата на некој нивен албум е рамна на аџилак. Благодарение на Гугл сега не мора да се малтретирате по авиони за да можете да кажете дека сте биле таму.

Најдобрата публика на Леонард Коен

Во новата книга „Скршена алелуја: рокенрол, покајание и животот на Леонард Коен" од Лиле Либовиц има една луда епизода. Во неа, на почетокот на својата кариера, тогаш речиси непознатиот кантавтор свири за една благородна и софистицирана публика во - психијатриска болница.

Отвoраме #твитерфилмскиклуб

Добредојдовте во новата Букбокс рубрика, во која твитерџии гледаат филм и коментираат за него. Како за прв пат формиравме „работна група", која би сакале да ја прошириме со вас.

Кои се 8-те книги кои треба да ги прочита секој интелигентен човек?

Вака гласи прашањето на кое одговара познатиот астрофизичар и водител на новата серија „Космос", продолжение на онаа на Саган од 1980. 

Маркиз де Сад се враќа дома

„120 дена Содома" се опишува како едно од најперверзните дела на 18. век - оргии, педофилија, некрофилија и - последно но не и најмалку важно - eпизода на секс со лебед. Па сепак, Французите го сметаат за свое национално богатство, и сега се среќни што тоа од Швајцарија конечно се враќа дома.

„Мистер Гвин“ од Алесандро Барико

Одамна не ми дошло уште во првата реченица да напишам: Ова е баш убава книга.
Барико, по образование пола филозоф, пола музичар, стана познат по неговиот краток роман „Свила".

Читателите на Букбокс не читаат!

Честитки што откако го прочитавте насловот продолживте со овој вовед. По оваа фаза бројот на читатели обично уште повеќе се намалува, за при крајот на текстовите (кои во рубрикава - признаваме - знаат и да забегаат) да останат само најупорните. Тоа го забележале и во NPR.

Оцетот на Бајрон и млекото на Кафка

Најава за четвртото издание на вашата омилена книжевно-гастрономска манифестација, која ќе се одржи на 11. април (петок) од 16 часот на старото место - Пепер на Ленинова. Со време ви најавуваме да си размислите што ќе донесете. Ние ќе купиме пијачки, ќе наредиме тоа масите, ќе смислиме награди и ќе ве чекаме.

Ана Голејшка, или девојката чија младост е заразна

Во продолжение на рубриката „Писмо од вашиот омилен писател", после Венко и Румена, продолжуваме со една девојка и нејзиното „перпетум пишувабиле“. Дами и господа, Ана Голејшка.

Сте чуле за Вилијам Онјебор?

Нормално дека не сте чуле. Пионер на електронската музика од седумдесетите, тој до скоро беше сосема заборавен. До моментот кога Дејвид Брн му објави албум, а син му на Стинг сними документарец за него.

Meчка страв, мене перформанс

Еден француски уметник ќе помине две недели во стомак на препарирана мечка. Зошто? Така.

Дизајн направен за да предизвикува шубе

Чинија, кофичка за вода, чизми за дожд...Ова се сосема обични предмети кои ги користиме речиси секојдневно, и за кои вообичаено и не размислуваме. Сè додека некој не се сети нешто да им смени, детал кој одеднаш ја претвора нивната приказна од банална во бизарна.

Французите учат англиски во воз

Часови со професор во воз за наши услови е незамисливо. Но како би било во автобусите да се пуштаат лекции по кој и да е странски јазик? За некој кој секојдневно шпарта од Ѓорче до Железара тоа по една година може да значи диплома за завршен курс. А за возачот - магистратура.

Првоаприлски книжевно-филмски мајтап

Дружејќи се со луѓе кои го разбираат мајтапот со ближните како врвна форма на љубов, сме биле сведоци на главно бенингни, но крајно креативни заебанции, кои секако не биле ограничени на 1. април. Но некои размислуваат порадикално, а притоа користат и соодветна опрема со висока пренковска моќ. На пример - четкичка за заби.

Кога се слуша со душата

Вечерта на 1. февруари 1924, Њујоршкиот симфониски оркестар ја свирел Бетовеновата 9-та во Карнеги Хол, а концертот бил пренесуван во живо на радио. Неколку дена подоцна оркестарот добил писмо.

„Да се биде во светот“ (2010)

Филозофски документарец кој се обидува да одговори на едно навидум едноставно прашање - што бараме тука?

Што навистина мислат?

Личат на кратки раскази, но всушност се лични приказни на луѓе кои заради природата на нивната професија доаѓаат во допир со голем број други луѓе. Нивното искуство со човечкиот материјал е скапоцено - бидете свесни за тоа следниот пат кога ќе застанете на каса.

Професор Гинзберг и будистичкиот универзитет

Ч'џм Џунба Ринпоче (Chögyam Trungpa Rinpoche) бил контроверзна фигура, чии учења дел од постарите лами ги нарекувале „луда мудрост". Но тој извршил големо влијание врз ширењето на тибетските духовни учења на Запад, а еден од неговите ученици бил и Ален Гинзберг.

Доделена Прицкеровата награда за архитектура 2014

Откако лани Тојо Ито ја доби Прицкеровата награда за стадион во Тајван, уште еден Јапонец се закити со престижното признание за 2014.

Нов филм од авторот на „Којанискватси"

„Посетители“, новиот филм на овој автор кој не сака да се нарекува ниту авангарден, ниту режисер, се состои од долги и бавни прикази на човечки лица, кои гледаат директно во нас.