Фестивал на јадење книги 2014

Оцетот на Бајрон и млекото на Кафка

Најава за четвртото издание на вашата омилена книжевно-гастрономска манифестација, која ќе се одржи на 11. април (петок) од 16 часот на старото место - Пепер на Ленинова. Со време ви најавуваме да си размислите што ќе донесете. Ние ќе купиме пијачки, ќе наредиме тоа масите, ќе смислиме награди и ќе ве чекаме.

Новина оваа година е дека ако ви е мерак ќе можете да се придружите и на читањето делови од книги, песни или афоризми посветени на храната. Може да си ги напишете самите, или да прочитате нешто од домашната библиотека. После третото пиво може и да запееме една книжевна.

Еве нешто како за инспирација. Венди МекНотон (Wendy MacNaugton) е уметник и илустратор од Сан Франциско, и додека црта до себе постојано си чува онакви ко бејд ролс со лук, без кои не може да замисли да работи. Така, почнала да се прашува на какво гориво функционираат големите писатели. Ова се резултатите од нејзиното истражување - најчудна е навиката на Бајрон, кој потпивнувал оцет секогаш кога ќе му се пријадело, за да му се одјаде. Слично како што на нашата маса до компјутерот секогаш има само една чаша вода.

 

4 април 2014 - 13:51