Јадење скенови

Уметноста на магнетната резонанца

Во пресрет на денешното јадење книги во Пепер (облечете се топло), ви претставуваме мешавина на храна, наука и уметност. Скенови се, ама не на похован мозок.

Си немале работа инженерите за магнетна резонанца, си правеле снимки од - храна. Еден од нив е Енди Елисон, од факултетот за медицина на Универзитетот Бостон, кој до сега има направено повеќе од шеесет скенови на овошја, цвеќиња и зеленчуци.

Еве некои од најубавите. Иако, кога пресметавме колку чини една МР снимка кај нас, ова е навистина елитна уметност. 

Повеќе на блогот на Елисон, Inside Insides.

 

 

 

 

 

 

 

   

 

 

11 април 2014 - 08:42