Екипа на Гардијан ги има пронајдено местата на оригиналните корици, вметнувајќи ги во сегашниот пејсаж. Некои од местата веќе и не постојат, како во случајот со куќата каде пораснал Еминем. Еве ги останатите:
Beastie Boys, Paul's Boutique (горе)
Во 1989 продавница за облека, сега пошик агол во источен Њујорк.
PJ Harvey, Stories From the City, Stories From the Sea
Тајмс Сквер, Њујорк. Пи-џеј носи темни наочари иако е сликано ноќе.
Pink Floyd, Animals
Електрана во лондонска населба која наскоро заради нов градски проект можеби ќе ја снема.
Oasis, (What's the Story) Morning Glory?
Сликано во 1995 на Бервик стрит во лондонско Сохо, која тогаш била оаза на продавници за плочи. Една од нив и денес добро работи.
Eminem, The Marshall Mathers LP
На албумот Еминем седи пред неговата куќа на улицата Дрезден, северен Детроит. Таа била демолирана минатата година откако страдала во пожар.
Bob Dylan, The Freewheelin' Bob Dylan
22-годишниот Боб оди долж улица во West Village во Њујорк со девојка му Сузи Ротоло во 1963.
The Beatles, Abbey Road
Истоимената улица, на албумот сликана во 1969. Местото е толку познато што градските власти мораат да го префарбуваат ѕидот близу раскрсницата секои три месеци за да ги покријат графитите на обожавателите, а уличните знаци се качени високо затоа што постојано ги крадат.