Необична сторија за човек чијашто уметност наскоро ќе биде изложена во музејот Смитсонијан, а за кого не се знае речиси ништо. Освен дека прави измислени албуми, без музика, на црни картонски плочи. И дека не се вика Мајк.
Пред некој ден пишувавме за „слушањето гласови" додека се чита. Но што е со гледањето слики? Еден познат дизајнер на корици го истражува ова прашање во книга со токму таков наслов.
Дизајнерката Емили Пулен (мислевме дека е асоцијација на Амели Пулен, ама вистинско име е) од 2008 на нејзин блог собира фотографии на кои луѓе позираат со корици од книги, така за нивните тела да се вградат во дизајнот, и да го надополнат.
За најтврдокорните фанови на некој бенд или музичар посетата на местото каде е сликана корицата на некој нивен албум е рамна на аџилак. Благодарение на Гугл сега не мора да се малтретирате по авиони за да можете да кажете дека сте биле таму.
Matchbook е сајт кој документира костими за капење кои личат, според боја, дизајн или генерален изглед на - корици од книги! После ова со други очи ќе се загледувате во нечии бикини, веднаш ќе ги споредите со замислена корица за „Крпен живот“.