Фото-монтажи: што има вон кадарот на кориците за албуми?

Млад руски дизајнер упаѓа во корици на албуми на неговите омилени пејачи и групи, и со тоа станува дел од нивната приказна. Плус малку ги пародизира.

Дизајнирањето на корици, и во дигитално доба, е многу важен аспект на доживувањето и продавањето на некој албум. Има и такви кои се веќе влезени во историјата на дизајнот. Ама па не значи дека со малку фотошоп не може човек да си поигра со нив.

Игор Липчански живее во Русија, на шала (?) вели дека во паузите од чистењето на својот калашников слуша музика и си замислува дека е дел од приказните на големите музичари.

Неговите фотомонтажи го покажуваат токму тоа - Игор под десната мишка на Морисон, смрзнат некаде во ирска пустелија со У2, невидлив на сцена со Том Пети како му ја раштимува гитарата. До сега на својот инстаграм профил имаше постирано само неколку вакви монтажи, но откако тие привлекоа големо внимание почна да објавува по една дневно. Можете да го следите тука

 

 

 

10 февруари 2018 - 10:10