Eдинствено не сфаќаме зошто неинтелигентните би биле дискриминирани и не би требало да имаат пристап до нив - книги се де, не апат.
1. Библијата
„За да се научи дека е полесно некој да ти каже што да мислиш и во што да веруваш, отколку да размислуваш самиот".
2. Систем на светот од Исак Њутн
„За да се научи дека вселената може да се осознае".
3. За потеклото на видовите од Чарлс Дарвин
„За да се научи за нашето сродство со сиот живот на Земјата".
4. Гуливеровите патувања oд Џонатан Свифт
„За да се научи, помеѓу другите сатирични лекции, дека повеќето од времето луѓето се груби и насилни".
5. Доба на разум од Томас Пејн
„За да се научи дека моќта за рационално мислење е примарниот извор на слобода во светот".
6. Богатството на народите од Адам Смит
„За да се научи дека капитализмот е економија на алчноста, сама по себе сила на природата".
7. Уметноста на војната од Сун Цу
„За да се научи дека чинот на убивање други луѓе може да биде издигнато до ниво на уметност".
8. Владетелот од Макијавели
„За да се научи дека луѓето кои не се на власт би сториле сè за да ја добијат, а луѓето на власт би сториле сè за да ја задржат".
Извор: Open Culture