Bookbox

Наместо со извици и судири, група дански музичари решија на говорот на омраза да му се спротивстават со импровизиран – и намерно лош – џез. Најчесто свират на собири кадешто говори одржува десничарскиот политичар Расмус Палудан.

Јасно ни е дека рубрикава летово ни се „погрчи“ (блејм ит он Одисеја), но точеното пиво и пуканките во маалско борд гејм кафе со поглед на море си го прават своето и повлекуваат и тематски соодветна игра. И не дека таа е од грчки автори или има директна врска со реалниот Акропол, но контекстот е одлично искористен за развивање механизми на внимателно планирање, како тоа што го градите да ќе трае илјадници години.

Festum π: единствен фестивал каде се среќаваат математиката и музиката

Математиката и музиката отсекогаш биле поврзани преку ритамот, хармонијата и пропорциите. Токму оваа единствена врска е во фокусот на меѓународниот фестивал Festum π, кој секое лето на Крит, веќе пет години, ги обединува научниците, музичарите и љубителите на уметноста во богата програма од концерти, предавања и научни дискусии.

„Ниту потврдуваме, ниту демантираме“ - историја на реченицата што не кажува ништо

Некои фрази ја надживуваат својата првобитна намена. Изговорени во точно определен историски миг, тие со текот на времето стануваат дел од политичкиот, правниот, па дури и од секојдневниот јазик. Таков е случајот со прочуената формулација: „Не можеме ниту да потврдиме, ниту да демантираме.“ Денес ја слушаме во филмови за шпиони, во политички изјави, во судски постапки и во медиумите, но малкумина знаат дека зад неа се крие една од најсмелите разузнавачки операции на Студената војна.

Ново медицинско толкување за смртта на музата на Ботичели

Повеќе од пет века историчарите сметаа дека Симонета Веспучи, прочуената убавица на италијанската ренесанса и веројатна муза на Сандро Ботичели, починала од туберкулоза. Но ново истражување предлага поинакво објаснување: ретко, но драматично медицинско нарушување кое, според авторите, подобро се совпаѓа со историските сведоштва и промените што се забележуваат на нејзините портрети.

Горан Стефановски: Шест белешки за пристапот кон „Хамлет“

Минатата сабота (17.09) во Југословенско драмско позориште се одржа премиерата на Шекспировиот „Хамлет“. Режисер е Александар Поповски, а новиот Хамлет е Небојша Глоговац. Адаптацијата ја направи Горан Стефановски, а композитор е Кирил Џајковски. Еве дел од од драматуршката експликација за претставата на Горан, која ја пренесуваме од белградско „Време“.

Tи не си креативен гениј!

Дали кога сте се обиделе нешто да напишете сте се почувствувале како мазга што влече невлидлив товар, обидувајќи се со сите сили да извадите од себе нешто што никако не сака да излезе? За сите оние кои потклекнале пред овој напор, има решение - да знаеш дека сето тоа не зависи (само) од тебе.

Поштенски марки со скриени загатки во чест на Агата Кристи

Оваа година се навршува еден век откако Кристи го напишала нејзиниот прв детективски роман, „Мистериознaта случка во Стајлс“ (објавен во 1920), во кој се јавува ликот на Еркул Поаро. За да го одбележи јубилејот, Kралската пошта на Британија објави сет иновативни марки, посветени на шест од нејзините најпознати дела.

Последното писмо на Коен до неговата муза Мериен

Инспирацијата зад So Long, Marianne и Bird on a Wire, почина ова лето, на 81 година. Само неколку дена претходно, откако дознал дека е болна, Коен ѝ испратил писмо.

Секретарката која барала од светски познати фотографи да ја сликаат

Изабел Меж (Isabel Mège) не била ничија муза. Па сепак неа ја има на најмалку 300 слики на светски познати фотографи, чија работа таа ја ценела. Тие никогаш не се изложени, а зад нив се крие необична приказна за една опсесија, со тоа да се биде виден од нечија туѓа перспектива.

„Би бил горд ако во некрологот ме наречат Дјуд“

Шест години откако го сними „Тру грит“ со браќата Коен, Бриџис повторно глуми во нео-вестерн, еден од највисоко оценуваните филмови годинава, „Хел ор хај вотер“. Во интервју за Ролинг Стоун тој зборува на повеќе теми, меѓу кои за незгласливата популарност на Дјуд, Дилан и што научил од татка си.

Како си поминавме во Музејот за деца во Софија

Прво - бевме без деца. Ама тоа не само што не ни пречеше, туку беше повод да си ја освежиме љубопитноста. Детскиот научен центар, отворен пред една година во нашето соседство, ја враќа вербата во музејот како жива, а не „здрвена“ институција, во која не смееш ништо да пипнеш.

Како изгледа одмазда за лоша критика

Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.

Зошто интелектуалната конкуренција е добра работа?

Нова книга за четири пара креативни конкурентни, чие ривалство помогнало во достигнување нови интелектуални висини.

Затвореникот што најде грешки во енциклопедија

Приказна за необично пријателство, помеѓу уредник во Мериам-Вебстер и осуденик, кој нашол пропусти во енциклопедијата на овој издавач кои никој до тогаш не ги имал забележано.
 

Необични професии: човекот кој расчистува откако некој ќе умре

Се сеќавате на нашата иницијатива за собирање приказни од животот низ очите на разни професии? Еве една за луѓе кои не се баш „старо купувам“, затоа што предметите кои тие ги собираат не мора да се стари. Само треба да им припаѓаат на неодамна починати.

Музеј чија намена е да им поттикне спомени на болните од Алцхајмер

Музејот на стариот град во Аархус, Данска поседува збирка која навидум не се разликува од типичните за ваков тип музеј - градска облека, делови од стар мебел, фотографии на некогашни жители. Но еден дел од музејот е баш необичен.

Како да читаш без да отвориш книга?

Следниот пат кога некој ќе ви рече дека ве чита „ко селски буквар“, вратете му со „а јас тебе како терахерцна радијација“.

Мојот учител, Дејвид Фостер Волас

На осумгодишнината од смртта на Волас (12 септември 2008), авторот на книги за деца Мак Барнет се сеќава на неговиот строг но инспиративен професор по креативно пишување.

Колку книги се отпечатени од Гутенберг до денес?

Ти се утепуваш од читање, други во меѓувреме се утепуваат од пишување и објавување. Дали некогаш ќе ги стигнеш?

Зошто е добро да не знаеш?

Не, не зборуваме за онаа состојба на незнаење која штити од повредување, или која е благослов за оние „бедните по дух“. Роберт Линд, ирски поет и есеист го фали незнаењето заради постојаното задоволство кое тоа го нуди - она од откривањето.

„Елвис и Никсон“ (2016)

21 декември 1970. Елвис ненајавено се појавува на еден од влезовите на Белата куќа и бара прием кај претседателот. Историски, епизодата е автентична. Филмски, таа е многу симпатична.

Графички роман за животот на една хотлајн девојка

Стрип за жена која зборувајќи им безобразно на други, си ја испитува сопствената сексуалност. Руф ан.

Дилан 2014-та

Можеби сте чуле за еден Боб, Боб Дилан, човекот кој во 2009 ја издаде незаборавната „Мора да е Дедо Мраз“, што го позајми ликот и делото на реклама за Крајслер и за Викторијас Сикрет, фрлајќи ги во сенка неговите претходни хитови како Блоуин’ ин д винд и Д тајмс деи ар чејнџинг. Сега има нов проект - ќе прави порта за казино.

Композиторот кој бил опседнат со возови

Антонин Дворжак, славниот чешки композитор, бил најпознат по комбинирањето на народна музика од неговата родна земја со романтизмот. Но освен музиката имал и необично хоби - трејнспотинг.

Боуви и мистеријата за исчезнатиот саундтрак за „Човекот што падна на Земјата“

На 40-тата годишнина од издавањето на славниот филм, тој на 9. септември ќе биде прикажан во реставрирана верзија, а за прв пат ќе биде издадена и музиката за него. Она што уште не е јасно е како звучела првичната, чиј автор бил главниот актер во филмот - Боуви.

Спрингстин во новата автобиографија: „Страдав од тешка депресија“

На 27 септември излегува книгата од 500 страници „Роден за трчање“ (Born to Run), во која меѓу другото Брус отворено зборува за депресивните периоди низ кои минувал на почетокот од својата шеста деценија (сега има 66).

Маргарет Атвуд објави стрип за деца

Опишана како една од најзначајните современи писателки, Атвуд, набргу откако го прими Златниот венец во Струга, има уште една причина за частење. Вчера, 6.9., од печат излезе нејзина нова книга - стрип чијшто главен лик е мачкоптица.

Трибјут за Оскар Вајлд во затворот во кој минал две години

Затворот Рединг, откако е затворен од Министерството за правда во 2013, прв пат ги отвoра вратите за посетители. Овој пат за уметници и за публика, а во чест на еден негов некогашен жител.