Првата песна пронајдена во спомнатиот супермаркет е, кај лебот и белите пецива, е „Леб“ од американскиот поет В. С. Мервин, која почнува со:
„Секое лице на улица
е парче леб
кое талка и бара“
Втората песна, оставена крај фрижидерот со месо, е „Елен“ на уште еден американски поет, Кенет Рекрот:
„Елените се нежни и грациозни
и имаат убави очи.
Никого не повредуваат освен себеси
Но луѓето имаат пронајдено неколку
илјади начини да ги убијат“
Овој случај е можеби поврзан со претходни појави на „герила поезија“, кога фризери и бербери во Велс почнале да добиваат романтични но и мотивирачки песни од мистериозен маж кој се потпишувал со „Марк Џонс“, а за кого се претпоставувало дека е поетска верзија на Банкси (па дури и самиот Банкси). Песните секогаш ги пишувал на црна подлога со сребрено пенкало. Една од нив зборува за храброста да се живее секојдневниот живот на различни професии (месар, пекар, свеќар), за храброста да се соочиш со светот, и завршува со „кренете ја главата пријатели, гордо чекорете“.
Пред една година, пак, по барови и метро станици во Лондон можеше да се видат закачени примероци од песна која почнува со „Најлошиот ден?“. Еве ја целата, ако посакате да ја закачите некаде, па макар и на сопствениот фрижидер. Не заборавајте да ја прочитате одново одоздола нагоре кога ќе стигнете до крајот.