Сајтот Eџ (еdge.org) од 1998 веднаш по Нова година поставува едно генерално прашање до научници, мислители и стручњаци од различни области. Меѓу поинтересните до сега се: „Кои се најзначајните пронајдоци во последните две илјади години.?“, „За што верувате дека е вистина иако не можете да го докажете“, „За што сте се предомислиле и зошто?“ или „За што сте оптимисти?“. За сите нив, по обемната анкета, се објавени зборници со одговорите аргументите на учесниците.
Прашањето за 2017 е: „Кој научен термин или концепт би требало да е пошироко познат?“ На него до сега имаат одговорено 206 професори, директори на компании, добитници на Нобел, новинари, па дури и еден дизајнер на бродови. Меѓу нив има и славни имиња, како Ричард Докинс или Брајан Ино. Еве некои од нивните одговори кои на сајтот се и подетално аргументирани:
Даниел Денет, филозоф: Возможности (Affordances)
Брајан Ино, композитор, продуцент, уметник: Склоност за потврдување на сопствените гледишта (Confirmation Bias)
Марио Ливио, астрофизичар: Koперникански принцип
Џеред Дајмонд, универзитетски професор по географија и добитник на Пулицер: Здрав разум (Common sense)
Стивен Пинкер, професор по психологија: Втор закон на термодинамика
За сите останати тука