Вториот термин го среќаваме речиси исклучиво кога станува збор за пребогати Руси, и тоа не само сега, туку со децении. Ретко „нафатиран“ Американец или западноевропеец е етикетиран со овој збор. Зошто едниве се олигарси, а другите не?
Сите чекаме, со различен степен на трпение, нештата да се вратат на „нормала“ - иако знаеме дека секојдневниот живот нема веќе да биде ист. Сепак, она што го посакуваме, „нормалноста“, до скоро беше прилично дискутабилен термин.
Постоењето на геолошка епоха во која доминира човекот, и која е наречена според него, дава погрешен впечаток за нејзиното значење во големата слика на историјата на планетата.
Кога некој на социјалните мрежи ќе открие кој стои зад извесен прекар или профил, и објавува друг вид приватни информации, тогаш тој прави „доксинг“. И ова не е незаконски сè додека изворите на тие информации се јавно достапни, и сè додека доскирањето не се користи за уцена или за изнудување.
Како ви звучи кога нешто е опишано како елитно? „Елитен ресторан“, „елитна гимназија“. За некого оваа придавка е сигнал за посебност која мотивира. За други асоцира на некакви замислени олимписки височини, класна поделеност и недостапност. Антиелитистичкото чувство во САД ја одбележа изминатата година, а „елитно“ стана еден од најнепосакуваните епитети, пишува Њујорк Тајмс.
Иако веројатноста секој да си гледа од својот атар, и да смета дека научните проблеми со кои тој/таа се занимава се најбитните и најитните, интересно е на едно место да се видат одговорите на голем број научници и мислители за тоа кој концепт или термин би требало да е во фокусот на вниманието следната година, и особено - зошто.