„Генеративна“ според Ино е третата категорија музика, која се надворзува на претходните две кои веќе ги знаеме - снимена и изведена во живо. Најновиот албум „Рефлексија“, кој излезе на самиот почеток на Новата, е негов седми албум во изминатите седум години, а е оценет како најхрабар обид до сега во оваа смисла.
Користејќи алгоритми и моќна преносна технологија, тој создал традиционална верзија на албумот - 54 минутна амбиентална музика слична на онаа која ја работеше во 1970-тите, користејќи медитативни парчиња кои се надоврзуваат едни на други со бавни варијации - и втора верзија врзана со апликација (достапна на iTunes), која создава нешто што тој го нарекува „бескрајна и бескрајно променлива верзија“.
„Ова е како градинарство“, пишува во промотивните материјали за проектот, кој тој го има направено со Питер Шилверс, долгогодишен соработник. „Ги садиш семињата а потоа ги одгледуваш додека не ја добиеш градината којашто ја посакуваш“.
Ино, кој можеби најдобро би можел да се опише како футурист, е активен на социјалните мрежи, а неговиот новогодишен ФБ статус беше масовно споделуван. Во него вели дека 2017 нуди можности за надминување на нееднаквоста, сомнежот, ароганцијата и злобата - во таа смисла неговата музичка градина е мал, но значаен придонес за свет, не само на твитови и лајкови, туку и на креативна социјална, уметничка и политичка акција.
Претходно: Кога Брајан Ино го сретна Варуфакис