Таг: Брајан Ино

Барајќи ја Дуња Јунис: заборавената либанска пејачка од албум на Брајан Ино и Дејвид Брн

Целата приказна личи на онаа од документарецот „Барајќи го Шугармен“. Во семпл искористен на албумот „Мојот живот во шумата со духови“ од 1981 се појавува глас на девојка која никогаш не го дознала овој факт, и покрај тоа што Ино и Брн коректно ги надоместиле авторските права на издавачот. 41 година подоцна работата се исправа.

Брајан Ино има ново радио шоу

Кога во 2013 Ино на некакво предавање го прашале како знае кога некое парче музика на кое работи е завршено, одговорот бил: „Кога ќе дојде рокот“. Но притоа спомнал и дека има над 200.000 (!) необјавени траки. За разлика од други музичари кои чекаат истите да бидат објавени постхумно (или можеби мислат дека ќе живеат вечно, како Кит), Ино има поинаков план.

Берлинскиот ѕид воскресе

Рускиот режисер Иља Кржановски, Брајан Ино, Марина Абрамовиќ и Масив Атак ќе постават огромна уметничка инсталација - реплика на Берлинскиот ѕид, симулирајќи како изгледало да живееш обиколен од него.

Прв соло албум на Дејвид Брн по 14 години

„Американска утопија“ се случил непланирано. Брајан Ино му пратил неколку снимки со тапани, Брн почнал да експериментира, и одеднаш добил десет нови песни. Реалист, но не и циник или песимист, тој и овој пат го истражува моментот во кој живееме, велејќи во една од песните: „Ние сме туристи во овој живот/Само туристи, ама глетката е фина“.

Соработка на Брајан Ино со Мајкрософт: звучно-визуелна градина

Интерактивна инсталација која е спој на технологијата, сетилното искуство и музиката, а низ која цветаат илјада звучни цветови.

Брајан Ино: градинар и футурист

На 1 јануари излезе новиот албум на пионерот на амбиенталната музика, кој има изјавено дека може да замисли ситуација во која нашите внуци со чудење ќе нè прашуваат како е можно да сме ги слушале истите песни одново и одново. Затоа, визионерски работи на таква музика која самата се пресоздава. 

Нов албум на Брајан Ино

Се вика „Бродот", и е прв албум на Ино по „Лукс" од 2012. Освен техниката на снимање, интересна е и неговата структура, која потсетува на книжевно дело.

Кога Брајан Ино го сретна Варуфакис

Едниот музичар, другиот математичар со докторат од економија и поранешен министер. Двајцата со радикални идеи во нивните области, пријатели кои од време на време одат заедно на концерти. Нивен неодамнешен двочасовен разговор за сè и сешто - од кучиња-скитници, природата на верата, нападите во Париз и, најважното, нивниот активистички оптимизам.

Винил кој „оживува“ преку апликација

На Ино не му е прв пат да замеша прсти во светот на телефонските апликации - претходно работеше на музички базираните Bloom, Air, Trope и Scape. Последната е направена во соработка со Карл Хајд од Андерволд, а по повод нивниот заеднички албум, Someday World.

Приспивна светлина

Имате нервозни колеги? Хиперактивна мачка? Дете кое никако да заспие? Пуштете им го „Лукс" - ако не ги смирите нив, ќе се смирите барем себеси.