Како што вели самиот Ино на неговиот официјален сајт, албумот е составен од „експерименти со тридимензионални техники на снимање", и се состои од само два дела - „Море" и „Сонце". Првата е 21-минутна циклична композиција, која почнува како асоцијација на мирно море, а завршува како вистинска бура. Во втората композиција е вграден кавер на I'm Set Free на Велвет Андерграунд, која Лу Рид ја напишал за Ино.
„На музичко ниво, сакав да направам албум кој нема да се потпира на нормалната ритмичка структура и прогресијата на акорди, туку им овозможува на различни гласови да постојат во нивен простор и време, како да се делови од пејсаж. Сакав да поставам звучни настани во слободен, отворен простор", објаснува Ино.
Негова почетна точка била фасцинацијата со Првата светска војна, тоа „транскултурно лудило изродено од судир помеѓу империи“. Војната избувнала кратко време по тонењето на Титаник, што за Ино е симболично - обата настана покажуваат колку е човекот мал во однос на големите катастрофи, без оглед дали тие се природни или предизвикани од самиот него.
Во склоп на промоцијата на албумот е планирана и серија повеќеканални инсталации на неколку места низ светот каде ќе може да се чуе алтернативна верзија на „Бродот“. Неговото појавувување се очекува на 29 април, а до тогаш, бидејќи сè уште ништо од него не е објавено онлајн, еве ја I'm set free од Велвет Андерграунд